Контакт

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Македонија со Заев и Спасовски ќе биде фавела во која ќе владеат криминалот и рекетот

Објавено пред

Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира нови скандали и владеење на криминалот во Република Македонија, истакна на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Оливер Спасовски ќе остане запаметен како министер, кој, наместо да се бори, за целиот свој мандат го штител криминалот во земјата.

„Нерасчистени убиства, мафијашки пресметки на улиците, секојдневни грабежи и пораст на криминалот, како и несигурност кај нашите сограѓани. Македонија стана најкорумпирана држава, во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи, кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа граѓани во своите кабинети. Дополнително, Спасовски беше закрилник на лица што рекетираа и ги носеа фамозните милиони евра во куфери ‘луј витон’, кои никој не откри каде официјално завршија“, нагласи Ѓорѓиевски.

„Го именува сопствениот братучед за началник на граничната полиција, а исто така во случајот со набавка на автомобили без тендер од кумановската фирма, донатор на СДСМ, со пари од чешка донација. Тука исто така беше проследена и скандалозната набавка на пасоши вредна 20 милиони евра, како и скандалот со прислушувањето во Јавното обвинителство, кој никогаш не беше расчистен“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ за Спасовски додавајќи дека е очигледно оти на Заев му треба докажан помошник, кој ќе забошотува криминали.
.
„Македонија со Заев и Спасовски ќе биде повторно фавела во која ќе владеат криминалот и безредието“, заклучи Ѓорѓиевски.

Македонија

Светски ден за безбедност на пациентите – годинава со акцент и на безбедноста на здравствените работници

Објавено пред

По повод одбележувањето на 17 септември – Светски ден посветен на безбедноста на пациентите, годинава Светската здравствена организација акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“.

Здравствените работници се во првите борбени редови во справувањето со вирусот Ковид-19, како еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочува светот.

„Заштитата и безбедноста на персоналот е врвен приоритет на Министерството за здравство имајќи предвид дека со заштитата на здравствените работници се штитат и пациенти кои се во контакт со нив. Сите јавни здравствени установи во државата располагаат со соодветна заштитна опрема за персоналот и средства за дезинфекција, а воедно Министерството располага со доволно резервни количини кои се доставуваат до установите согласно нивните барања и потреби. Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема во големи количини – повеќе од еден милион парчиња заштитна опрема од различен вид“, соопштија од МЗ по повод Светскиот ден посветен на безбедноста на пациентите.

Покрај безбедноста на медицинскиот персонал, се додава во соопштението, Министерството е посветено и на стимулирање и мотивирање на кадарот, како и унапредување на статусот на здравствените работници.

„Здравството и здравствените работници се клучниот столб во борбата со вирусот Ковид-19, и токму затоа во континуитет апелираме максимално да се почитуваат мерките за заштита“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 101 возач.

За нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 32 возачи, а казнети се и 41 мотоциклист.

Полицијата казнила и 66 возачи за непрописно паркирање, а 68 возила се подигнати со пајак.

Изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера се сретна со Никола Бартолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

„Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор. Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести“, кажа Филипче.

Со помош на ЕУ, додаде тој, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи во земјава од ЕУ добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион38 минути

Нова одлука во Србија – сите кои се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре од 18 часот во Србија стапува на сила нова одлука – сите државјани на Србија кои ќе се...

Свет43 минути

Се затвора џамијата Ал-Акса во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија Ал-Акса во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет1 час

Трамп го нарече докторот збунет, тој му одговори: маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината за коронавирус е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет2 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет2 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да започне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет14 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет15 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет16 часа

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Македонија18 часа

Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Заев на средба со грчката претседателка: Подготвени сме за интензивирање на соработката во согласност со договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција, Катерина...

Македонија20 часа

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во...

Македонија23 часа

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и...

Македонија24 часа

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн-учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив...

Македонија24 часа

(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за...

Регион1 ден

По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученици заболеле од Ковид-19

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србијам вкупно 52 ученици и 20...

Европа1 ден

(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта

Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да...

Свет1 ден

СЗО: Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот

Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот поради порастот на бројот на заболени, почетокот на школската година и пристигнувањето...

Македонија1 ден

Лабораторијата за вирусологија успешно го помина надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на...

Свет1 ден

Светската трговска организaција одлучи дека се незаконски американските царини за кинеските производи

Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека се незаконски американските царини за кинеските производи во вредност од над 200 милијарди...

Досие