Македонија
(Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Носителот на Изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, при посетата на Виница оствари средба со младите од овој град.
„По посетата на Зрновце, продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите, како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата што доаѓа и она што успеавме да им го порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од криминално-рекетарската банда од Социјалдемократскиот сојуз е дека сте прочитана книга, веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за обновата“, истакна Јанушев.
Тој порача дека младите треба да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство, пред сè, во Италија. За тоа државата мора да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ‘Обнова’ ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за малдите до 29 години.
„Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за 4 години, но тие ќе мора да бидат исплатувани навереме. Ве повикивам на 15 јули да излезете, да вимавате, пред сè, и на вашето здравје и да заокружите број 14 за обнова на Македонија“, повика Игор Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Драчево“

Министерството за здравство информира дека од понеделник во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Драчево“, пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП.
Овие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид-пациентите.
Од МЗ велат дека во трите поликлиники, од следната недела ќе има посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со другите пациенти.
„Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид-центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување“, изјави директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.
Поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Драчево“ се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.
Македонија
Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 12 јануари, се: Александар Даштевски, претседател; Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
Даштевски, кој беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека тој е најнепартиски претседател на ДИК затоа што не е член на некој партиски орган, а ниту бил дел од некои партиски активности.
Македонија
Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша претседателот Стево Пендаровски на „Фејсбук“, по реакцијата на Софија и објавите во тамошните медиуми дека на карневалот било запалено бугарското знаме.
Претходно, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, објави дека Софија упатила остар вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме.
„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева на „Фејсбук“.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира