Контакт

Македонија

(Видео) Јанушев: Пендаровски ја пушти Катица Јанева низ вода

Објавено пред

На новинарско прашање како го коментира говорот на претседателот Пендаровски, кој повика на завршување на истрагите, на подигнувања обвиненија, дури и на политичка одговорност во случајот „Рекет“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вели дека Пендаровски ја пуштил Јанева низ вода.

„Ја пушти Катица Јанева низ вода, бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и, како што пред малку кажав, без неа не би било воопшто можно да се организира и спроведува случајот ‘Рекет’. И, веројатно, од она што имав можност да го слушнам, ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно, да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така што во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за сè што е вработено во СЈО“, рече Јанушев.

Македонија

Отворен новиот дел од градинката во Јурумлери

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска го отворија проширениот дел од градинката „Морковче” во Јурумлери.

„Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50%, за што забрзано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки”, рече Царовска.

Министерката истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата.

Градоначалникот на Гази Баба истакна дека градинката „Морковче” во Јурумлери конечно го доби потребниот капацитет за децата.

„Доградбата на новата занимална од 74 квадратни метри овозможува сместување на 24 деца, а канцеларискиот простор кој не се користеше, го пренаменивме во јасли, со капацитет за нови 22 деца, а со тоа се доби уште една дополнителна занимална. Оваа градинка сега располага со капацитет за 120 деца кои ќе бидат поделени во групи, соодветни на секоја возраст, можност што досега ја немаа”, рече Георгиевски.

Општина Гази Баба за оваа намена издвои 2,5 милиони денари, а со 500 илјади денари, од Министерството за труд и социјална политика е опремена градинката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Интеграциите во ЕУ остануваат највисок приоритет на земјава

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања во Владата на Сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф- Пфорнер.

„Одличните билатерални односи помеѓу нашите земји се очигледни на повеќе нивоа, иако најактуелна во изминатиов период беше поддршката за нашите европски интеграции, особено гласната поддршка за време на октомврискиот самит, па слободно можам да кажам дека во Германија гледаме партнер во целокупниот евроинтегративен процес“, истакна Османи, посочувајќи дека напорите на Германија за поддршка на земјава се очигледни и преку Берлинскиот процес, кој се покажа како суштинска платформа за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан, но не е помалку значајна и билатералната помош која Северна Македонија ја добива преку директна финансиска и техничка помош за националните институции и за реализација на регионалните иницијативи.

Во продолжение на средбата се разговараше за прашањата поврзани со текот на европската интеграција на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји во контекст на европската интеграција, билатералната помош и трговската размена меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за понатамошни иницијативи за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Германија.

„Наша стратешка определба останува интеграцијата во ЕУ и НАТО, продолжуваме да работиме на реформите, усвојувањето и спроведувањето на европските правила и стандарди за приближување на земјата кон ЕУ, и конечно отпочнување на преговорите за полноправно членство во Унијата“, заклучи Османи на средбата

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: „Рекет“ дискредитираше голем дел од нашите напори за справување со корупцијата

Објавено пред

Случајот „Рекет“ дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично, не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции, рече претседателот, Стево Пендаровски, на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата.

Според претседателот, довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава, додаде тој, што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата.

„Говориме за неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно имаме судски случаи кои предизвикуваат сомнежи, дали во нашата држава правото важи еднакво за сите или можеби правото е сведено на политички инструмент, а правдата сè уште се повлекува пред моќта на моќните“, рече Пендаровски.

Според него, во изминатите 10-15 години во нашата држава високата корупција прераснала во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата.

Пендаровски нагласи дека искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт и секој кој се огрешил од законот, да добие соодветна казна. Истовремено, додаде тој, многу е значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи т.н. „скриена амнестија“ на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија1 час

Фросина Ременски врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија1 час

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет3 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет3 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет4 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија14 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет15 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет15 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа16 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет17 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт17 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија20 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа20 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија21 час

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија23 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија23 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија1 ден

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија1 ден

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие