Контакт

Македонија

(Видео) Јанушев: Упатуваме јавен повик за учество во изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори

Објавено пред

Граѓаните се гневни и разочарани од оваа власт. Граѓаните едвај чекаат оваа расипничка и ненародна власт да замине за да си ја вратат државата и да почне да се решаваат нивните маки. Активностите во рамките на „Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните не гледаат и не очекуваат никакви решенија од Зоран Заев, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Над 40.000 граѓани, разочарани од криминалот, корупцијата и неспособноста на Владата на Заев, се обратија во рамките на акцијата посочувајќи ги проблемите, но и нудејќи идеи и проекти. Огромното мнозинство граѓани бараат обнова на Македонија. Тие не сакаат да гледаат како Македонија под власт на Заев се уназадува и тоне во бесперспективност на секое поле. Граѓаните знаат дека ветувањата на Заев се обични лаги. Најавените реформи се претворија во милионски тендери за семејните фирми, а подобриот стандард на обичниот човек се претвори во торби ‘луј витон’ за кои сè ште се крие каде завршуваа.

Оттука, а охрабрени од големата поддршка на акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, ве известуваме дека ВМРО-ДПМНЕ од денес упатува јавен повик за учество во изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори до сите невладини организации, здруженија на граѓани, синдикати, стопански и други комори и други заинтересирани субјекти да се вклучат во нејзината изработка.

Ги повикуваме сите заинтересирани своите проблеми, согледувања, предлози и идеи да ги достават на имејл-адресата [email protected] најдоцна до 30.11.2019 година. Испратените материјали ќе бидат разгледани од страна на тимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој работи на изготвување на програмата, предводен од проф. д-р Трајко Славевски по што ќе стапиме во контакт со сите заинтересирани субјекти и ќе договориме средби и начин за понатамошна соработка. Очекуваме оваа нова алатка на комуникација да даде нов и квалитативен придонес во рамките на нашата акција и подготвувањето на изборната програма. Ние сме убедени дека граѓаните и сите фактори во државата кои и сакаат подобра иднина на Македонија, ќе се вклучат и ќе помогнат во изготвување на победничката изборна програма, која без сомнение ќе биде темелот на кој принципиелно ќе се гради идната владина програма.

Како што истекува времето на оваа криминално-рекетарска банда на власт предводена од Заев, така истекува и времето на неговите лажни ветувања, погрешни политики и катастрофални последици. Доаѓа времето на обновата, која Заев ќе го прати во историјата и ќе донесе нов поттик на развојот и напредокот на Република Македонија.
Европската иднина може да се обезбеди само со многу труд, работа, посветеност и обнова, кои ќе им донесат благосостојба на граѓаните на Република Македонија. Заев заминува заедно со куферите „луј витон“, заедно со сомнителните тендери, заедно со принципот евро за Вицето. Доаѓа времето на прогресот, кој заедно со граѓаните и нивните идеи ќе го обезбедат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, порача Јанушев.

Македонија

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Саздо

Објавено пред

Третоосомничениот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР.

„Денеска од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело ‘убиство’ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди“.

Потсетување, Кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Саздо.

Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Тие на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншки комитет предлага да се промени начинот на кој функционираат навивачките групи

Објавено пред

Двата инцидентa во една седмица, предизвикани од навивачка група во Скопје, се најсвежи меѓу бројните докази дека повеќе не смее да се игнорира потребата од вистинско справување со овој деструктивен феномен, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Со години  реагираме на инциденти предизвикани од навивачки групи, го следиме говорот на омраза што излегува од нивните редови и ги броиме жртвите од насилството, кое е неминовна последица на огромните количини излеана омраза на стадионите, улиците, плоштадите, медиумите… За последните настани реагиравме со поднесување  пријави до МВР и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика“, се наведува во соопштението на Хелсиншки, од каде воедно ги охрабруваат жртвите да ги пријавуваат ваквите инциденти на омраза.

Потсетување, соопштението на Хелсиншкиот комитет се однесува на инциденти поврзани со навивачката група „комити“, чии членови пред една недела беа осудени од првиот вицепремиер Артан Груби за недолични скандирања во пресрет на натпреварот со „Шкупи“.

Викендов беше регистриран уште еден сличен инцидент во населбата Ѓорче Петров каде што дел од членовите на групата насочија недолични скандирања кон група граѓани од албанска етничка припадност.

Од Комитетот посочуваат дека од прогласувањето на глобалната здравствена пандемија на Ковид-19 и прогласувањето на вонредна состојба во државата, бројот на пријави за говор на омраза драстично се зголемил, особено говорот на омраза врз основ на етничка припадност.

„Во 2019 година во периодот од 16 март до 20 септември Хелсиншкиот комитет регистрираше вкупно 379 пријави поврзани со говор на омраза, од кои 130 пријави за говор на омраза врз основ на етничка припадност. За споредба, оваа година за истиот временски период регистрирани се 662 пријави, од кои 353 кои се однесуваат на говор на омраза врз основ на етничка припадност, што воедно претставува зголемување за околу 280% во споредба со лани“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека изминатиов период на платформата „Злосторства од омраза” регистрирани се четири инциденти случени пред и за време на спортските натпревари кои вклучуваат елементи на дела од омраза со етнички предзнак.

Од Хелсиншки сметаат дека покрај строгото санкционирање од страна на институциите, од подеднаква важност е и директната работа со припадниците на навивачките групи, решавање на конфликтите на ненасилен и мирен начин и давањето поттик за да се преобмисли нивното постоење во конструктивна насока.

„Најважно од сè, неопходна е политичка волја за да се изведе еден ваков процес, кој би значел гасење на еден голем генератор на омраза во општеството, што ќе има долгорочни позитивни ефекти за сите граѓани во државата и за нејзината стабилност. Многу хулигански навивачки групи низ Европа денеска се конструктивен дел од заедницата, а насилството и дивеењето ги заменија со хуманитарни активности и поддршка на позитивни каузи“, истакнуваат од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Објавено пред

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на педијатрија.

Како што информираат од МВР, станува збор за 32-годишен маж, против кого ќе биде поднесена пријава.

„С.И. го нападнал лекарот, кој завршил со исеченици и хематом, откако лекарот му рекол дека неговото малолетно дете, со кое таткото бил на Клиниката за токсикологија, треба да се однесе на педијатрија“, информираат од МВР.

Синоќа министерот за здравство Венко Филипче го осуди инцидентот.

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент. Лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, порача Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Саздо

Третоосомничениот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа2 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија2 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет3 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет4 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет17 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија19 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија21 час

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Досие