Македонија
(Видео) Јајоска: Поради неспособноста на Арсовска, Град Скопје останува без печатачи, а граѓаните без документи

Град Скопје и цела администрација без 31 печатач значи проблем во давањето на редовните услуги, од кои штета ќе имаат граѓаните, физичките и правните лица, изјави Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје.
„Ваквото нејзино неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните ќе ги остави без потребните документи. Уште еднаш на дело исплива неспособноста на Данела Арсовска и на ВМРО-ДПМНЕ.
Толку е менаџерскиот капацитет. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не може да менаџираат ниту со канцелариската опрема во Град Скопје, а не да реализираат и некој важен проект за градот и за граѓаните“, рече Јајоска.
Таа додаде дека првите шест месеци од мандатот Арсовска ги поминала во неработење и партизација на Градот, секојденвно докажувајќи дека е најнеспособниот градоначалник што Скопје некогаш го имал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси.
Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.
Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести.
Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси.
Граѓаните го гледаат и ќе го ценат таквото неодговорно антидржавничко однесување на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести

Најмалку четворица полицајци биле повредени по синоќешните протести против францускиот предлог, тврди владејачкиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.
СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.
„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.
Османи додаде дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.
Министерот Османи се уште не го достави протоколот на увид.