Контакт

Македонија

Викендов сончево и топло, со мала нестабилност со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура од 10 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата 16 / 33 степени.

В недела и в понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Објавено пред

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и истражната постапка за случајот „Рекет“, во кој е осомничена и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Извештајот е доставен по барање на претседателот на Советот, Коле Штерјев, кој сега треба да свика седница за да расправа за статусот на Јанева дали таа постапила незаконски и несовесно во вршењето на функцијата и да донесе одлука дали ќе иницира постапка до Собранието за нејзино разрешување.

Советот исто така треба да одлучи и дали ќе назначи вршител на должност на местото на Јанева, како што повика државниот обвинител Љубомир Јовески повикувајќи се на постојниот Закон за Обвинителството или тоа ќе биде оставено да го договорат најголемите политички партии што ја избрале специјалната обвинителка, како што тврди претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а партиите од понеделник се очекува да продолжат со преговори за новиот предлог-закон за Обвинителството, што ќе го реши статусот на СЈО.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

Објавено пред

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега“, рече обвинителката Лиле Стефанова по одложувањето на денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО.

Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа, апелира политичарите да седнат и да го донесат законот за Јавното обвинителство.

„Јас немам намера да конкурирам за шеф на СЈО“, рече обвинителката одговарајќи на новинарско прашање.

Стефанова појасни дека нема овластување да побара каде моментно е Орце Камчев, осомничениот во „Империја“. Затоа, повтори дека е важно што побргу да се донесе новиот закон.

„Истрагата за ‘Империја’ застана со донесувањето на начелното правно мислење на СЈО“, рече Стефанова пред новинарите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судењето за „Титаник“ одложено за 4 септември

Објавено пред

По паузата на денешното рочиште за предметот „Титаник“, судијата Осман Шабани ја одложи главната расправа за 4 септември.

Обвинителката Лиле Стефанова побара време за да се произнесе за предлогот за изземање.

Пред паузата адвокатот Димитар Дангов побара обвинителката Лиле Стефанова да биде изземена од предметот поради притворот на Катица Јанева.

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејства во предметот „Рекет“.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, во случајот „Титаник“ обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Свет1 час

„Јутјуб“ исклучи над 200 канали поради протестите во Хонгконг

Американската компанија „Гугл“ соопшти дека нејзиниот видеосервис „Јутуб“ блокирал 210 канали, кои наводно биле координирани во објава на снимки во...

Регион2 часа

(Видео) Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој на 21 август нападна шпански туристи и со телото...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија4 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Европа5 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет5 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион5 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет6 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет7 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија17 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија19 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа22 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ1 ден

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие