Контакт

Македонија

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Објавено пред

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични за нивното здравје и здравјето на луѓето во нивната околина, Министерството за образование и наука информира дека ја следи состојбата и во координација со другите институции презема соодветни активности за утврдување на причините за појавата на случајот во една од општините, како и превенција од евентуална појава на нови случаи преку мултисекторски пристап.

Медиумите деновиве објавија дека четворица основци, кои учат во ОУ „Коле Канински“ во Битола, се самоповредувале сечејќи се по рацете, предизвикано од опасните интернет-игри „Момо“ и „Синиот кит“, кои се популарни меѓу младите.

Од Министерството информираат дека основните и средните училишта во земјата добија насоки за понатамошната работа на педагошко-психолошките служби, наставниците, како и за вклучување на родителите и децата во активностите.

„Информираме дека до училиштата е доставен указ со кој тие се задолжени да го подигнат степенот на внимателност и интеракција со учениците вклучувајќи и внимателност за спроведувањето на комуникациите преку интернет, а воедно и зголемена индивидуална комуникација со учениците. Дадена е насока преку групни работилници на оваа тема спроведени од страна на стручната служба во училиштето учениците детаљно да се информираат за можните ризици од учеството во ваков тип игри, а воедно и да се интензивира и комуникацијата со семејствата на учениците преку организирање состаноци и родителски средби со цел навремено превенирање доколку кај одредени поединци или групи биде забележано однесување што отстапува од вообичаеното и упатува на индиции за преземање несакани дејства од страна на учениците кон самите нив, кон нивните соученици, наставници или други вработени во училиштето“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека доколку биде забележано невообичаено однесување, иницирано од споменатите видеоигри и слични интернет-содржини, покрај првичната превенција од страна на училишните служби и задолжително воспоставување комуникација со семејството, училиштата имаат обврска и задолжително да ги информираат надлежните институции на системот.

„Истовремено, апелираме и до семејствата, односно родителите и старателите на учениците да бидат претпазливи и да посветат внимание на содржините до кои пристапуваат нивните деца на глобалната интернет-мрежа за времето додека се дома“, велат од Министерство за образование и наука.

Македонија

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Објавено пред

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер на новотo министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во оставката упатенa до премиерот Заев, Дураки вели дека во време на неговото раководење со министерството за животна средина биле спроведени многу проекти кои ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

„Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап“, се наведува во писмената оставка на Дураки.

Тој додава дека министерството располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

На крајот, Дураки вели дека ќе му биде чест и задоволство да биде дел од новото министерство, каде што несебично ќе придонесе за успешно чекорење на државата кон европските интеграции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопје ќе добие pumptrack-полигон кај Олимпискиот базен

Објавено пред

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите набргу ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack-полигон што Град Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар“. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но, пред сè, безбедна спортска активност.

Предвидениот pumptrack-полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално приспособен за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини, со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има разни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.

Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.

Овој простор, кој досега беше неуреден, набргу ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Прилеп: Земјоделците ќе бидат обесштетени по вчерашното невреме

Објавено пред

Невремето што вчера зафати повеќе населени места од Прилепско зад себе остави катастрофални последици, информираат од Општина Прилеп. Штети на земјоделските површини се направени во атарот на селата Канатларци и Ерековци, како и во други населени места. Оштетени се нивите со тутун, бостан, житни култури и пипер.

„Вчерашното невреме, кое беше проследено со пороен дожд и град, направи штети во атарите на населените места Канатларци и Ерековци, како и во другите населени места во овој регион. Најмногу се оштетени тутунопроизводителите, но штета има и во земјоделските посеви на житото, бостанот и пиперот. Комисијата за процена на штетите од елементарни непогоди при Советот на Општина Прилеп е веќе формирана и уште од денеска сите оштетени земјоделци може да достават барања за направената штета, а веќе од утре комисијата да излезе на терен и да направи процена“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Заедно со градоначалникот Јованоски во посета на погоденото подрачје беа и раководителот на подрачната единица за земјоделство, Зоран Пачешкоски, и претседателот на Комисијата за процена на штетите од елементарни непогоди при Советот на Општина Прилеп, Жарко Северкоски.

Пачешкоски рече дека комисијата за утврдување штети е веќе излезена на терен и побара од земјоделците веќе од утре во Општина Прилеп да доставуваат барања, имотен лист од нивите, копии од трансакциска сметка и лична карта.

„Од утре во Општина Прилеп треба да достават трансакциска сметка, копија од лична карта и имотен лист. Сè што може, ќе направиме за да бидете соодветно обесштетени“, изјави Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица за земјоделство.

„Формирана е комисија за посебна процена на штетите и како што веќе истакна градоначалникот Јованоски, од денеска земјоделците може да доставуваат барања во Општина Прилеп за нивна процена. Комисијата е веќе формирана и штом ќе излезе на терен, ќе почне да прави процени на земјоделските култури што се оштетени. Веднаш потоа се изготвува еден вкупен елаборат, кој се испраќа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, каде што се прават конечните процени и се врши исплата за направената штета“, изјави Жарко Северкоски, претседател на комисијата за процена на штетите од елементарни непогоди при Советот на Општина Прилеп.

Во моментот штетата не е утврдена за што комисијата работи на терен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион2 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија3 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија3 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија5 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија6 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија6 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет8 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет8 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија23 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ1 ден

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија1 ден

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Досие