Македонија
Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во нашата земја, изјави вицепремиерот Изет Меџити.
„Заедно со 53-те страници што беа блокирани минатиот месец, оваа бројка сега изнесува 226. Замислете, за помалку од два месеца затворивме 226 страници за нелегално онлајн-коцкање – и оваа бројка не е конечна. Само замислете за еден миг колку длабоко и колку далеку има навлезено мафијата на коцкањето во нашите животи и каква штета има предизвикано кај поединци и семејства погодени од оваа епидемија“, рече тој.
Според него, ова е директен удар врз една криминална мрежа, која со години била толерирана и заштитена од структури тесно поврзани со претходната власт.
„За жал, една политичка партија, која денес се претставува како чувар на правата и на достоинствениот живот на Албанците, беше главен спонзор на коцкањето и вклучувајќи се директно во оваа индустрија, ова политичка партија ѝ го даде на коцкарската мафија потребниот политички штит за да расте и да се развива, без да ја загрози никој. Како последица, нашите населби беа преполнети со казина, а нашите телефони, таблети и компјутери станаа цел на напад од нелегалните платформи за игри на среќа. Тоа што ДУИ му го направи на албанското општество во Северна Македонија е тешка катастрофа – и за ова катастрофа одговорност ќе има“, рече Меџити.
Ако до вчера имавме казина покрај училиштата, покрај домовите, покрај животите на нашите деца, додаде тој, денес воспоставуваме ред, закон и достоинство.
„До вчера ДУИ градеше коцкарски империи врз сиромаштијата и очајот на Албанците. Денес, ‘Влен’ ги урива тие империи на криминалот и ја гради иднината“, рече Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово во двата правци

Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово, Куманово-Скопје е во прекин, информираат од АМСМ.
Пожарот е причината за прекинот на сообраќајот, потврдија за „Макфакс“, од таму.
Според информациите на Стојанче Ангелов од ДЗС кој е излезен на терен, густиот чад од пожарот и сообраќајна незгода се причините за прекинот на сообраќајот.
Македонија
Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето, стои во информацијата на „Пожарникари Струмица“објавена на социјалните мрежи.
„При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.
Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани“.
Како што соопштија, причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.
Македонија
Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари, соопшти ЦУК.
„Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во с.Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац“, според информацијата на ЦУК.
Во Скопскиот регион, се пријавени пожари помеѓу Индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, информира дека поради невремето не можат да се користат воздухопловите во гаснењето.