Македонија
Владата ги достави до Собранието измените на Законот за попис

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.
Како што информираат од Владата, до Собранието ќе биде доставен предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември годинава, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на пописот и дека тој ќе се спроведе во септември 2021.
„Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември“, се додава во соопштението.
Во Собранието измените треба да се донесат со европско знаменце и скратена постапка за да може пописот да се одложи за во септември.
Во меѓувреме, партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека се противат на прекинување на пописот бидејќи, според нив, се работи за незаконски договор на Заев и Мицкоски.
Тие најавија дека ќе ги блокираат измените на законот за попис со Бадентеровиот принцип.
Албанските опозициски партии како и Левица велат дека ја очекуваат поканата за средба утре со премиерот Заев на кого ќе му ги соопштат своите позиции за прекинувањето на статистичката операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров во посета на балтичките земји Латвија и Литванија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус.
Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е вицепремиерот Димитров да се сретне со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања. Во Литванија пак во петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).
Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, ЗПВ Димитров ќе разговара со високите претставници на Латвија и Литванија во контекст на нивната поддршка за европското досие на Северна Македонија. На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома.
Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.
Македонија
Сончево време со умерена облачност и температури до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Македонија
Делови од Скопје и околината без струја

Од „ЕВН“ Македонија информираат дека денеска во одредени временски периоди без електрична енергија ќе останат некои делови од Скопје и околината.
Според информациите од таму, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Во периодот од 7:30 до 15:30 часот, корисниците од дел на улиците со број: 405, 406, 408, 415, како и делот кон ул.Мост Илинден (општина Илинден), во периодот од 9:00 до 16:00 часот, корисниците од село Ново Село, освен куќите покрај реката Вардар (општина Зелениково), од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Ефтим Стространов броевите:16, 18, 20, 22, , како и делот на улицата Димитар Мирасчиев броевите: 12, 14, 16, 18, 20 (општина Кисела Вода) и во периодот од 8:30 до 10:00часот корисниците с. Студеничани околу старата џамија и училиштето во селото, како и репетиторот на АД Македонски телеком (општина Студеничани).
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?