Контакт

Истражувања

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Објавено пред

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една и пол година по формирањето, ги доведе експертите до состојба да се обраќаат преку отворени писма. Даница Павловска, архитектка и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, минатата недела преку отворено писмо побара да ѝ се врати стариот изглед на Владата, да се демонтира барокот за кој смета дека е кич и грдотија за да се врати вербата дека нешто може да се смени.

„Го направив писмото за предлогот да добие поголемо внимание. Владата, занимавајќи се со само еден од приоритетите, заборави на сè друго. Ова мое барање, особено за објектот на Владата, не е ново. Ставот не фелата е јасен – гипсот треба да се тргне од фасадата, но мерки не се преземаат. Иако поминаа веќе неколку дена од писмото, немам никаква повратна информација ниту од Владата ниту од Министерството за култура“, вели Павловска.

Во отвореното писмо испратено до Владата и до Министерството за култура, Павловска потсетува на ветувањата и укажува дека решение има, но се чека чекор од Владата.

„Со еден потег актуелната Влада на РМ може да покаже култивираност, свесност, почит… макар гест на добра волја кон ветеното„ – Даница Павловска

„Добивме агресивен кич и грдотија, кој го игнорираме за да се заштитиме, а тој сè уште ни ги труе генерациите што израснуваат и што е најстрашно, тоа трае и трае… Кон состојбата одговорните се однесуваат лежерно и тромаво, а со еден потег актуелната Влада на РМ може да покаже култивираност, свесност, почит… макар гест на добра волја кон ветеното. Предлагам Министерството за култура да достави предлог-одлука или само предлог-заклучок до Владата на РМ да се интервенира на само еден објект од ‘Скопје 2014’ на секои шест месеци (а со веќе подготвени фискални импликации и оперативен план). Како прв во редицата сметам дека треба да е проектот за рехабилитација на објектот на Владата на РМ – дело на професор Петар Муличковски, архитектонски бренд на Скопје, една од најубавите архитектонски творби, пример на модерната, наградуван итн.“, вели Павловска во писмото.

Таа јавно преку писмото ги извести и Владата и Министерството за култура дека архитектонските бироа се подготвени на доброволна бесплатна техничка поддршка.

Нејзината иницијатива ја поддржа Мирослав Грчев, координатор на работната група формирана лани во Министерството за култура за справување со објектите од проектот „Скопје 2014“. Работната група воопшто не расправала за фасадата на Владата оти не им е достапна документацијата за проектот. Грчев вели дека на објектот треба да му се врати изгледот онаков каков што го осмислил авторот Муличковски кога бил наградуван и признаен, а освен тоа, треба да му се врати значењето споменик на културата како врвен дострел на модерната архитектура.

„Срамно е за една современа демократска Влада воопшто да седи и да функционира во таков објект и со тивко функционирање во тој објект да го легитимира’ – Мирослав Грчев

„Таа зграда е одраз не само на еден идеолошки фашизам, туку и активен и штетен фалсификат. Срамно е за една современа демократска Влада воопшто да седи и да функционира во таков објект и со тивко функционирање во тој објект да го легитимира. Целата документација за тој проект е во Владата, сметам дека отстранувањето на фасадата требаше и треба да е првиот приоритет во внатрешната политика. Ако приоритет во надворешната политика се евроинтеграциите, преспанскиот договор и уставните промени, во внатрешната политика првин што требаше да се направи е да се исчистат тие контаминати и пропаганди на фашизмот што зрачат со порака. Таа порака е штетна, ги труе нашите деца и зборува за легитимирањето – ако вие застанете под знамето на Хитлер, вие сте фашист и поддржувач и во најмала рака го легитимирате“, изјави Грчев за „Макфакс“.

Тој нагласи дека откако е формирана, работната група работи само на споменици. Обработиле 12 од големите споменици и 30 помали, но од сите нив постапено е само за Андон Јанев – Ќосето. За разгледување на објектите од „Скопје 2014“ немаат ниту техничка ниту административна поддршка.

Архитектите бараат враќање на стариот, автентичен изглед на објектот на Владата

Од Владата, и по отвореното писмо на Павловска, немаат јасен став во однос на барањето да се демонтира барокот.

„Владата на РМ секогаш е отворена за сите идеи и предлози што ги имаат граѓаните, граѓанските асоцијации, експертската јавност и други засегнати страни во однос на разни иницијативи. Владата на РМ ги почитува сите иницијативи што претставуваат јавен интерес и ќе бидат соодветно разгледани“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето дали и како ќе одговорат на отвореното писмо.

Од Владата не одговорија на прашањето зошто досега не е отстранета оградата околу објектот како што ветуваше премиерот Заев.

За новата фасада на Владата, според договорите објавени на Бирото за јавни набавки, место најавените 9,5 милиони евра, потрошени се повеќе од 17 милиони евра, а оградата од ковано железо однесе 700.000 евра од државната каса.

Истражувања

Разрешена директорка зела плата и го возела службениот автомобил

Објавено пред

Ексдиректорката на Државниот комунален инспекторат, Елизабета Јованчева, и разрешена зела плата, го возела службениот автомобил и потпишувала документи, а нејзините колеги сведочат и дека заминала на обука во Италија за која си зела и дневници. Инспекторатот сега судски бара ексдиректорката да врати 26.832 денари, што ѝ биле префрлени како плата по разрешувањето, а откако ќе ја добие пресудата за платата, ќе поведе постапка и за сите останати трошоци што ги направила во периодот по одлуката на Владата.

„Владата ја разреши Јованчева на 15 мај 2018 година, без образложение, со назнака дека одлуката стапува на сила веднаш, но таа си остана на функцијата до јуни. Место само за 15 дена од мај, таа си потпиша плата за цел месец. Одвреме-навреме доаѓаше и на работа. Кога ја прашавме зошто доаѓа и по одлуката на Владата, таа кажуваше дека чека официјално известување“, велат вработени во Инспекторатот кои сакаа да останат анонимни.

Инспекторатот бил без директор до август 2018 година кога Владата го назначила Зоран Маџовски за в.д. директор, но по само две недели го разрешила и него и за в.д. директор е назначен Сали Ајдини, кој сè уште е на функцијата. Со негов потпис, Државниот комунален инспекторат во октомври лани побарал од Јованчева да ги врати парите што ги добила како вишок средства со платата. Со истиот допис ја известиле ексдиректорката дека ако не ги врати парите, ќе почнат судска постапка.

Јованчева им одговорила дека барањето им е неосновано, па Инспекторатот побарал милење од Државното правобранителство. Правобранителството го прифатило барањето и го известило Инспекторатот дека случајот е испратен за постапување до Државното правобранителство во Штип, надлежно да постапува доколку е потребно да биде поведена судска постапка.

„Правобранителството нè извести дека подготвително рочиште за предметот е закажано за во март годинава. Нашиот став е дека поранешната директорка треба да ги врати парите за половина месец оти одлуката на Влада за нејзино разрешување стапи на сила веднаш и таа беше одјавена од социјално осигурување“, изјави директорот Ајдини за „Макфакс“.

Државниот комунален инспекторат во октомври лани побарал од Јованчева да ги врати парите што ги добила како вишок средства со платата

„Макфакс“ ја контактираше ексдиректорката Јованчева, но таа не сакаше да зборува за случајот.

Владата, која ја назначи и ја разреши Јованчева, не одговори на прашањата кое е образложението за нејзиното разрешување и зошто постојано дозволуваат Инспекторатот да е без директор.

„Во однос на кадровските прашања во Владата на Република Македонија, има комисија за кадровски прашања, која за секое лице поединечно ги проверува содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата ги именува истите“, е коментарот на Владата како одговор на прашањата за смената на Јованчева.

Владата ја назначи за директорка Јованчева на 26 јануари 2018 година откако Инспекторатот беше три месеци без директор, оти дотогашниот стана градоначалник, а вработените беа без плата. Една од првите обврски на Јованчева беше потпишувањето на платата.

 

Прикажи повеќе...

Истражувања

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Објавено пред

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара железничка прво гради хотел. Зад „Рамстор“ веќе се гледа објект од приземје и четири ката, а во исто време на трасата на подземната сообраќајница видливи се само подготовки за градење. Овој проект е уште еден во низата проекти што имаат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година беше продадено државното земјиште, но се молчеше иако со години не се градеше, а властите од СДСМ, пак, лани наплатија комуналии за сите предвидени објекти и издадоа одобренија за градење и покрај мораториумот за градење во Центар.

Сега властите молчат за редоследот на градење. Обврската прво да ја изградат подземната сообраќајница на Турците им ја наметна поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, веднаш по продажбата на земјиштето во 2012 година. Трајановски ги уверуваше скопјани дека Град Скопје склучил договор со Турците кој нема да дозволи тие да си ги изградат комерцијалните содржини над земја и да ја баталат подземната сообраќајница бидејќи се обврзале прво да ја изградат сообраќајницата, а дури потоа да почнат да ги градат другите содржини. Изградбата се одолговлекуваше со години, а кога веќе почнаа да градат минатата година, Турците покажаа дека приоритетен им е хотелот, спротивно на уверувањата на поранешниот градоначалник.

Иако објектот зад „Рамстор“ секојдневно расте, и од Град Скопје и од „Лимак“ велат дека не е прекршен договорот за изградба на подземната сообраќајница.

Од Градот тврдат дека е на сила договорот што го потпишал поранешниот градоначалник, но го сокрија кога „Макфакс“ со барање за пристап до информации од јавен карактер побара копија. Не одговорија на барањето и по истекот на законскиот рок од еден месец.

„Градот Скопје го нема променето договорот склучен помеѓу Град Скопје и ‘Лимак’ од 12.03.2012 година“, кусо одговорија од Градот на прашањето кога го смениле договорот што го обврзува „Лимак“ прво да ја изгради подземната сообраќајница, а потоа да ги гради останатите содржини со оглед на сегашната состојба на градилиштето зад „Рамстор“.

Од „Лимак“ избегнаа да одговорат директно на прашањето зошто не ја изградија подземната сообраќајница пред да почнат да ги градат другите содржини. Велат дека и покрај одолговлекувањето, ќе ги исполнат обврските од договорот потпишан во 2012 година.

„Според распоредот за изградба на ‘Лимак’, подземната сообраќајница ќе биде прва точка од проектот на ‘Лимак’, кој ќе се гради на парцелата 1.1. ‘Лимак’ прво ќе ја гради подземната сообраќајница на секвенци на парцелата 1.1 и ќе работи нагоре за да ги комплетира паркинзите, а дури потоа ќе почне со активности за изградба на станбените објекти и трговскиот центар кои е предвидено да се наоѓаат на ова место. Според инженерите, ова е сосема изводлив проект. Планирано и буџетирано е дека ‘Лимак’ ќе инвестира до 250 милиони евра за да го заврши овој проект“, изјавија од „Лимак“ за „Макфакс“.

Од компанијата се правдаат дека почнале да го градат хотелот зад „Рамстор“ оти заедно со локацијата го презеле и одобрението за градење што претходниот инвеститор го добил во 2008 година. Морале да почнат да градат оти биле обврзани во рок од десет години од издавањето на одобрението градбата да заврши. Поради истечениот рок за завршување на градбата „Лимак“ плаќа казна од два милиона денари месечно.

Официјално изградбата на комплексот кај Јужен булевар Турците ја почнаа лани во септември и најавија дека подземната сообраќајница ќе биде готова за 20 месеци, односно до средната на 2020 година. Ќе се гради прво потпорен ѕид од 17.000 квадратни метри околу сите парцели опфатени со проектот.

„Лимак“ на просторот кај Стара железничка станица покрај подземната сообраќајница најави изградба на мултифункционален комплекс со четири дваесеткатници, трговски центар, простор за рекреација, угостителски објекти и паркинг. Земјиштето со вкупна површина од 41.824 квадратни метри во 2012 година го купи за 3,7 милиони евра. Лани за комуналии на Град Скопје се обврза да му исплати 6,5 милиони евра на рати, а за 20 отсто помала сума треба да исплати на име комуналии и во Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Истражувања

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Објавено пред

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во буџетот на Република Македонија како казна за нереализиран договор со Министерството за транспорт и врски, покажа истражување на „Макфакс“. Во договорот фирмата е обврзана во рок од десет години да изгради хотел, но рокот истече, а хотелот не е изграден, па „Лимак“ од средината на минатата година плаќа казна за неградење. Во исто време почна и да гради, наспроти гласното противење на скопјани против нови објекти во строгиот центар на градот. Хотелот, за кој плаќа казна, како и сите останати содржини што ги најави компанијата, се на државно земјиште кое Министерството за транспорт го продаде на „Лимак“.

„Компанијата е обврзана да плаќа договорна казна во висина од 1,5 отсто од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истек на рокот, односно по 2.004.336 денари месечно, почнувајќи од 24.06.2018 година“, велат од Министерството за транспорт и врски за „Макфакс“.

Казната е за неизградениот хотел „Радисон“, кој во Скопје требаше да го изгради британската компанија „ХЛХ Македонија“, која доби и одобрение за градење во 2008 година, но откако не го изградија, земјиштето беше повторно вратено во државна сопственост, а Министерството за транспорт и врски во 2012 година го продаде на „Лимак“ во пакет со целото земјиште околу Старата железничка станица. „Лимак“ ја презеле обврската да изгради хотел, а го наследил и одобрението за градење поради кое сега плаќа казна.

„Претходниот инвеститор/изведувач ја има добиено градежната дозвола во јуни 2008 година. Според договорот со министерот за транспорт, изградбата требаше да заврши во рок од 10 години по издавањето на дозволата. Крајниот рок беше јуни/2018 година. Така, бидејќи се презема локацијата, ‘Лимак’ почна да ги плаќа соодветните месечни казни. Ова се однесува само за конкретната парцела, 1.12. Не за другите локации од мултифункционалниот комплекс“, изјавија од „Лимак“ за „Макфакс“.

Од турската компанија велат дека се отворени за соработка, но не сакаат да зборуваат пред камера.

Државата, преку Министерството за транспорт и врски им продаде вкупно 41.824 квадратни метри на Турците за вкупно 231.827.204 денари, или 3,7 милиони евра, земјиште поделено во две големи парцели. „Лимак“, пак, минатата година во септември и официјално ја почна изградбата на мултифункционален комплекс кој покрај четри дваесеткатници и хотел предвидено е да има трговски центар, простор за рекреација, угостителски објекти и паркинг. Турците, заедно со комплексот, треба да ја изградат и подземната сообраќајница на Јужен булевар на која се чека уште од 2012 година.

Следно: „Лимак“ го изигра Градот, гради хотел место прво да ја изгради подземната сообраќајница

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа37 минути

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион59 минути

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател Хашим Тачи по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија12 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија14 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија14 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија17 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ17 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија17 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија18 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет21 час

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа22 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ22 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ23 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија23 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион23 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион23 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет1 ден

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион1 ден

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Досие