Контакт

Македонија

Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазе Велковски, поради скандалот со џипот

Објавено пред

Владата на денешната владина седница го разреши  директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски.

Со БЈБ сега ќе раководи заменик-директорот, Бесир Деари, бидејќи до овој момент одлука за именување на нов директор на Бирото нема.

Премиерот Зоран Заев претходно најави дека денеска ќе го прифати предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, кој го поднел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Премиерот меѓудругото посочи дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски. Тој нагласи дека за една година и два месеца, колку што постои оваа Влада, биле разрешени повеќе од 20 луѓе и дека кој и да згреши, треба да одговара, но додаде дека Велковски по разрешувањето останува во МВР, а тоа се должeло на неговото искуство.

МВР извести дека директорот Велковски на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција оти тој бил зафатен со прославата.

 

Бегството на Груевски

Димитров за обвинувањата од Вучиќ: Ние немаме интерес да ги влошуваме односите

Објавено пред

Случајот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски покажува колку е важна регионалната соработка, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој не даде прецизен коментар за обвинувањата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека македонските власти се виновни за бегството на Груевски.

„Имаше коментар од Вучиќ и во однос на кривичното дело за кое е осуден Груевски, нешто што не се коментира ниту за домашни пресуди, а уште помалку за странски пресуди. Случајот покажува колку е важна регионалната соработка, покажува колку кога една земја се соочува со предизвици и сите земји од регионот се соочуваат со предизвик, тоа мислам дека е лекцијата од овој случај. Ние немаме интерес да влошуваме односи, напротив. Факт е дека живееме во време на предизвици, важно е да се фокусираме на ова, а не да добиваме поени со изјави од овој тип“, одговори Димитров на новинарско прашање дали обвинувањата на Вучиќ дека Македонија е виновна за бегството значи дека нема регионална соработка и дали ова може да ги наруши досегашните односи меѓу земјите во регионот.

Димитров рече дека парадоксално е Груевски да најде заштита во земја-членка на Унијата.

„Парадоксално е човек кој е осуден и кој се соочува со други обвиненија и истраги да најде заштита во членка на ЕУ. Ова е проблем на Македонија, но и на Европската Унија и се доведува во кредибилитетот на владеење на правото во Унијата“. рече тој.

Министерот информира дека вршителот на должност и шеф на амбасадата во Тирана имал средба во албанското МНР на која ги добил сите информации што ги имаат тамошните власти. Рече дека очекува таква средба да се одржи и во српското Министерство со тамошниот амбасадор.

„Очекуваме да има таква средба и во Белград за да имаме официјални информации на дипломатско ниво“, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, рече дека Црна Гора немала правна основа да го задржи поранешниот премиер Никола Груевски, кој на патот до Унгарија минал и низ црногорска територија.

„Нашата позиција беше едноставна. Ние немавме никаква правна основа да задржиме македонски државјанин односно поранешен премиер во автомобил со дипломатски таблички на странска држава“, изјави Дермановиќ на заедничката прес-конеференција со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, во Скопје. Дармановиќ додаде дека црногорските гранични служби немале информации дека станува збор за осудено лице.

Тој рече дека потоа за сè ги информирале македонските безбедносни служби.

„За сè ги иформиравме безбедносните служби на Македонија така како што прават пријателските и партнерските држави. Од страна на Црна Гора немаше никакви игри туку постапивме така како што налагаат нашите закони“, рече Дермановиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена смртноста кај новороденчињата во првите шест месеци од годинава

Објавено пред

Во првите шест месеци од 2018 година, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата.

„За време на нејзиниот престој, за само еден месец направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа на ова одделение, се разбира во интерес на малите пациенти. На иницијатива на доктор Рсовац, на ГАК на одделението за неонатална интензивна нега и терапија, воведени се нови листи на терапии, дозволени се посети на одделението за мајките и сега може да дојдат да бидат со бебето“, велат од Министерството за здравство.

Според нејзини насоки е воведена и неинванзивна вентилација преку постоечките респиратори и е воведен специјален Неопаф – респиратор во салите.

„Но, исто така во договор со директорите на трансфузиологија и радиологија, најден е начин како да се забрза изработка на анализите кои ќе бидат готови само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите, што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски52 минути

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, рече дека Црна Гора немала правна основа да го задржи поранешниот...

Регион1 час

Могерини: Косово итно да ја укине одлуката за царината на српската стока

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, ја повика косовската Влада итно да ја укине одлуката за...

Топ3 часа

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски5 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија5 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет7 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски9 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија9 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија10 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски10 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија10 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет11 час

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија11 час

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија21 час

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија23 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија1 ден

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија1 ден

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Досие