Контакт

Македонија

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Објавено пред

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата и потпишување колективни договори, со кои ќе се изедначат со колегите во министерствата што добиваат поголеми плати. Претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, пред Државниот завод за статистика на Владата ѝ одржа лекција што е штрајк, а што протест.

dobivaj vesti na viber

„Денес сме пред Државниот завод за статистика, институција специфична по обемот и делокругот на својата работа, а вработените се со едни од најниските плати во државата. Сакам да ја потсетам Владата дека ова е протест, а не штрајк, иако Владата секојдневно го кажува тоа. Штрајк значи неизвршување работни задачи. Доколку вработените од Државниот завод за статистика не извршат само една работна задача од својот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечната месечна плата на ниво на државата, ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните. Членовите на Синдикатот на УПОЗ се одлучија да го изразат своето незадоволство токму преку одржување получасовен протест за граѓаните и приватниот сектор да не трпат никакви последици“, рече Деаноски.

Тој нагласи дека проблемот на вработените може да се реши со согласност од Министерството за финансии да ги користат средствата што ги имаат во буџетот, а по ставот на Владата дека УПОЗ доаѓа на седниците на Еконосмко-социјалниот совет, Деаноски јавно посочи дека на тие седници се решаваат покрупни прашања, како што се Општиот колективен договор и минималната плата. Барањата што ги имаат вработените што сега излегуваат на протести се решаваат со ресорните министри и со Министерството за финансии.

Деаноски и денес ја критикува Владата за ставовите што ги објавува по секој протест на административците откога вчера повика на дијалог за решавање на проблемот.

„Владата, наместо да пишува соопштенија и да негира сѐ што ќе кажеме ние, а не е воопшто во право, треба да посвети малку енергија и да најде начин како да го реши овој проблем. Ако Владата сакаше дијалог, досега ќе бевме седнати на маса, немаше да бидеме на улица“, рече Деаноски.

Тој веќе три дена за време на секој протест кажува дека уште пред усвојувањето на буџетот за 2025 година ги завршиле сите средби со ресорните министри, добиле поддршка од нив, потоа направиле колективни договори, кои не се потпишани, иако нема ниту правна ниту уставна пречка за нивно потпишување.

Протестираат вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за земјоделство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив.

Утре, протестот ќе биде пред Министерството за финансии, каде што Синдикатот ќе ги каже следните чекори.

Македонија

Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување

Објавено пред

Министерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотогрфаии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти.

dobivaj vesti na viber

„Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната солидарност и одговорност. Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за почитување на приватноста и достоинството на жртвите. Објавувањето снимки и фотографии од повредените во нивните најранливи моменти може да предизвика дополнителна болка, не само за нив, туку и за нивните семејства, и да влијае на нивниот процес на закрепнување“, напиша Таравари.

Тој упати искрен апел за одговорно известување, кое, како што рече, ќе стави акцент на поддршката и помошта за оние на кои им е најпотребна.

Прикажи повеќе...

Македонија

На клиниките во земјава се распоредени 98 пациенти, повредени лица се пренесни и во Бугарија, Србија, Словенија, Австрија, Литванија

Објавено пред

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а пlнатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.

dobivaj vesti na viber

Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ: Препораки за политичарите за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во услови на трагични настани кои ја засегаат целата јавност. Целта е да се зајакне транспарентноста и да се овозможи навремен и коректен пристап до информации.

dobivaj vesti na viber

1️⃣ Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

🚫 Не покажувајте ароганција и незаинтересираност

Не бидете одбивни, нетрпеливи или иритирани.
Избегнувајте сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност.
Не ја минимизирајте трагедијата и не префрлајте вина на други.

🚫 Не прикривајте информации и не избегнувајте одговори

Не одговарајте со нејасни и празни фрази.
Ако одредени информации сè уште не се достапни, кажете го тоа отворено наместо да бегате од прашањата.
Не давајте погрешни или контрадикторни информации – тоа создава недоверба и шпекулации.

🚫 Не ја користете трагедијата за политички маркетинг

Ова не е време за политички поени или ПР настапи.
Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.
Не ја користете трагедијата за напад на политички противници.

🚫 Не ги обвинувајте јавноста, медиумите или жртвите

Не сугерирајте дека жртвите сами си се виновни.
Не напаѓајте новинари дека „ширеле паника“ само затоа што поставуваат тешки прашања.
Медиумите имаат право да информираат – почитувајте ја нивната улога.

2️⃣ Како политичарите и носителите на јавни функции ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

✅ Покажете емпатија и човечност

Изразете сочувство искрено, а не само со подготвени изјави.
Покажете разбирање и почит кон семејствата на жртвите.
Вашиот тон и говор на телото треба да одразуваат загриженост.
✅ Бидете транспарентни и давајте јасни информации

Споделувајте точни информации на време, дури и ако се ограничени.
Објаснете што се знае, што се истражува и кога ќе следуваат нови информации.
Ако се направени грешки, признајте ги и објаснете како ќе бидат исправени.
✅ Почитувајте ги новинарите и нивните прашања

Одговарајте директно и не покажувајте непријателски став.
Дозволете дополнителни прашања и покажете трпение.
Ако нешто не знаете, признајте го тоа, наместо да шпекулирате.
✅ Објаснете ги следните чекори без да ја политизирате трагедијата

Кажете кои итни мерки се преземаат за да се реши ситуацијата.
Смирете ја јавноста со факти, а не со празни ветувања.
Фокусот треба да биде на жртвите и нивните семејства, а не на политички интереси.

Овие принципи се особено значајни во време на кризни ситуации и трагедии, кога јавноста има право на точни и навремени информации, а новинарите мора да работат без притисоци и ограничувања.

Препораките ја нагласуваат важноста на редовната и отворена комуникација со медиумските работници и медиумите, како и почитувањето на професионалните и етичките стандарди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија5 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија6 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија7 часа

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија8 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија9 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија9 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија10 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија11 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија11 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион12 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија13 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија14 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија15 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион15 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион16 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион16 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија23 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија23 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија1 ден

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...