Македонија
Владата доби уште еден портпарол

Муамет Хоџа е именуван за втор портпарол на Владата на Република Македонија.
Оваа одлука беше донесена во рамки на денешната владина седница.
Портпаролот Миле Бошњаковски му посака добредојде на новиот портпарол преку социјалната мрежа „Твитер“.
„Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија од денеска е и колегата Муамет Хоџа“, рече Бошњаковски говорејќи за заклучоците од владината седница.
Хоџа е кадар на ДУИ, кој има работено за неколку медиуми на албански јазик, а извесно време работеше и како владин портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МЗЗПР: Работодавачите да ги пријават настраданите од автобуската несреќа за дополнителни бенефиции

Според Законот за безбедност и здравје на работа, сите патници што настрадаа во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, а кои биле во работен однос и патувале кон својот дом, при што се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место, соопшти Македонско здружение за заштита при работа. Оттаму предупредуваат дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка.
Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:
-Да имаат можност полн износ (100%) од платата да им биде исплатен за време на периодот на заздравување (имајте предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);
-Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;
-По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!, додаваат од здружението.
Македонија
Утре без струја делови на Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот корисниците од дел од с. Долно Лисиче ул.2 и околните објекти (општина Аеродром);
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот корисниците од Асфалтна база „Гранит“ (општина Карпош);
Во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од Драчево, дел од ул. Сердарот“ и објекти во непосредна близина. (општина Кисела Вода);
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев подулици 7, 15, 17, 19, ул. Тодор Чангов, подулица 26 (општина Аеродром).
Македонија
Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од опозицијата.
Покрај интерпелацијата на министерот Спасовски, пратениците ќе расправаат и за неколку предлог-законски решенија од кои дел се во прво читање, а дел треба да се донесат по скратена постапка.
Во интерпелацијата, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Спасовски за несовесно, нестручно и селективно работење. Непрофесионалното работење на МВР, според партијата, довело до зголемување на корупцијата, скандали и афери. Исто така за бегството на експремиерот Никола Груевски се уште нема ниту збор.
Ова е втора интерпелација за министер поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно беше побарана одговорност од министерот за надворешни работи Никола Димитров.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал