Контакт

Македонија

Владата и Агенцијата за слободен пристап до информации потпишаа меморандум за соработка

Објавено пред

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева, денеска потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот е дел од активностите кои произлегуваат од Стратегијата за транспарентност, а има за цел воспоставување партнерски однос меѓу двете институции за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на овој меморандум е промоција на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и ефективно остварување на правата и слободите на граѓаните. Дополнително, обврските кои произлегуваат од овој меморандум ќе придонесат кон зголемување на одговорноста на институциите преку зајакнување на активната транспарентност на Владата на Северна Македонија и на органите во состав.

На овој начин се гарантира доследно спроведување на стратешките определби содржани во Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019 – 2021).

Со донесување на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, рокот за одговор на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се намали од 30 на 20 дена, со што Република Северна Македонија се приклучи на европските земји за овозможување на побрз пристап до информациите од јавен карактер, на барателите.

Најново

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет22 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет25 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт38 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија42 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија45 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт52 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија53 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...