Контакт

Македонија

Владата објави тендер за летови за враќање на 915 наши државјани од Германија

Објавено пред

Владатa објави јавен повик за организирање авионски превоз за враќање на 915 македонски државјани од Германија.

Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници.

Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите:
– Берлин – Скопје (377 патници)
– Бон – Скопје (355 патници)
– Минхен – Скопје (183 патници).

Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03. (петок) до 12 часот.

Крајниот рок за доставување на понудите е 26.3.2020 година до 8 часот.

Лицата кои ќе се пријават на повикот при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Претходно, Владата објави тендер и за чартер-летови за враќање на наши државјани од Малта и Загреб.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите од Охрид бараат дополнителни мерки за помош

Објавено пред

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Граѓанин од Велес апелира власта да постави пунктови со дезинфициенси и антисептици на сите поголеми раскрсници во градовите низ државата, како и на други места кај што вообичаено поминуваат повеќе луѓе.

Бесплатни заштитни маски и ракавици за сите граѓани над 55 години бара граѓанин од Битола.
Угостител од Охрид бара дополнителни мерки за угостителите, кои како што пишува не се опфатени со мерката на Владата, а тоа се неколку илјади работници кои работат во хотелите, рестораните, кафеаните и кафичите, објекти кои не работат веќе половина месец.

„Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected] .ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со температура до 9 степени

Објавено пред

Изутринава врнежи од снег има во источните делови. Дува слаб до умерен, а на повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно, потоа сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Објавено пред

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40 сантиметри снег, 37 во Лазарополе, 32 на Попова Шапка, 30 во Прилеп и Дебар, 23 во Скопје-Петровец, 18 во Тетово и Берово, 14 во Претор, 11 во Охрид и Куманово.

Најмногу дожд во текот на ноќта наврнал во Претор, Битола, Демир Капија и Крушево.

Најниски температури се забележани во Маврово и Лазарполе -7,-5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово, Дебар, -3 во Претор, -2 во Прилеп, К.Паланка, Тетово, Берово.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која...

Свет54 минути

ЕУ: На Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирус на Западен Балкан се користи...

Македонија1 час

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет2 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава2 часа

Во НАСА пристигнале 12 000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12 000 апликации за идната генерација астронаути, за околу десетина слободни места, а...

Свет3 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија14 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија15 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија18 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија18 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија19 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија20 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија20 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија20 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија21 час

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет21 час

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет22 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија23 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија23 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет23 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Досие