Македонија
Владата одлучува за враќање на полицискиот час

Владата денеска на седница треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час на територијата на целата држава.
Комисијата предложи полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, почнувајќи од среда (10 март).
Министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека изминативе недели најмногу заразени има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Тој апелира на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа e единствениот начин да се спречи неконтролираното ширење на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.
Македонија
Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не беше воопшто дискутирана.
„Откако на претходните средби беа дискутирани учебници во Р. Бугарија по историја за 6 клас, членовите на Комисијата водеа исцрпна дискусија за забелешките на колегите од Република Бугарија за македонските учебници по историја за седмо одделение. Дискусијата во најголем дел се водеше за пристапот и формата на препораките за учебниците. Остануваат големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја“, соопшти македонското Министерство за надворешни работи по состаноците на Комисијата, што се одржаа вчера и денеска.
Од македонска страна биле предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците што имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови.
„Македонската страна ќе продолжи да инсистира на почитување на принципите и препораките на УНЕСКО, Советот на Европа и други релевантни меѓународни и академски институции како најсоодветен начин за надминување на историските спорови и деполитизирање на историјата и историското образование и исполнување на договорот за пријателство и добрососедство потпишан помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во 2017 година“, се наведува во соопштението.
Од МНР додаваат дека поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не била воопшто дискутирана.
Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.
Македонија
33 починати пациенти и 489 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 155, Битола – 52, Куманово – 47, Прилеп – 27, Струмица – 25, Охрид – 21, Тетово и Велес по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница по 10, Гостивар и Струга по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар по 4, Неготино и Ресен по 3, Валандово – 2 и по еден во Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица.
Регистрирани се 905 оздравени пациенти од Скопје – 375, Охрид – 92, Битола – 70, Куманово – 66, Велес – 35, Гостивар – 34, Штип – 27, Тетово – 26, Струга – 21, Струмица и Кочани по 20, Прилеп – 19, Гевгелија и Валандово по 16, Кичево – 12, Ресен – 8, Радовиш и Свети Николе по 7, Берово и Делчево по 5, Виница, Богданци, Пробиштип и Македонски Брод по 4, Кавадарци и Демир Хисар по 2, и по еден во Крива Паланка, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево.
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 15 од Скопје (47г , 52г , 56г , 63г , 68г, 68г, 70г, 77г , 78г , 84г, 84г, 84г, 84г, 85г и 91г), петмина од Прилеп (59г, 68г, 75г, 78г и 87г), тројца од Охрид (74г, 76г и 87г ), по двајца од Куманово (56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по еден починат е пријавен од Битола (65), Гостивар (81), Штип (80), Свети Николе (67), Кавадарци (80) и Демир Хисар (52). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.841 тестови преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-98, Судска медицина-8, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–6, МАНУ-126, Жан Митрев (Филип Втори)-129, Авицена-333, Биотек-423, Систина-203, лабораторија Лаор-210, Синлаб – 32, Ремедика-39, Плодност – 35, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 595.
Досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.
Според епидемиолошки анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 66.248, активни 7.968
Куманово 8.293, активни 1.204
Прилеп 8.039, активни 892
Тетово 7.011, активни 646
Битола 5.968, активни 1205
Велес 5.299, активни 635
Гостивар 5.055, активни 425
Кавадарци 5.052, активни 480
Штип 4.825, активни 442
Охрид 4.814, активни 751
Струмица 3.901, активни 558
Струга 2.901, активни 208
Кочани 2.655, активни 298
Кичево 2.406, активни 296
Гевгелија 2.151, активни 308
Неготино 2.128, активни 228
Свети Николе 1.456, активни 147
Крива Паланка 1.197, активни 93
Ресен 1.184, активни 202
Радовиш 1.069, активни 129
Берово 985, активни 62
Делчево 939, активни 100
Дебар 919, активни 62
Пробиштип 761, активни 33
Виница 770, активни 118
Валандово 648, активни 86
Богданци 481, активни 74
Крушево 464, активни 105
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 374, активни 63
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 352, активни 28
Пехчево 259, активни 21
Македонска Каменица 228, активни 14
Дојран 132, активни 14
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?