Контакт

Македонија

Владата предлага Шар Планина да се прогласи за национален парк

Објавено пред

Владата денеска ја разгледа и усвои информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и му препорача на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер.

Во согласност со информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.) во рок од 15 дена да го достават своето мислење по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата за донесување одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување дел од Шар Планина во категоријата национален парк.

Македонија

Заев ги претстави замениците-министри во Собрание

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев во Собранието на седницата на која се гласа за заменици-министри ги предложи следните кандидати:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Премиерот Заев на говорницата, им се обрати на пратениците истакнувајќи увереност дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија од интерес на граѓаните.

Тој додаде дека со предлогот за избор на заменици-министри доставен до Собранието на Република Северна Македонија се доставени и биографиите на предложените кандидати.

„ Со именувањето на замениците-министри во Владата, го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во справувањето и надминување на последиците од пандемијата со КОВИД-19, како еден од првите наши приоритети. Убеден сум дека со еднакво силен ангажман замениците-министри ќе се посветат и на остварувањето на останатите приоритети како што се создавањето услови за нов циклус на динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции. Секако, максималнa посветеност очекуваме и во модерно образование, стабилно општество, внатрешна кохезија и сите други сегменти на општественото живеење“, рече премиерот Заев.

Во своето обраќање, премиерот Заев се осврна на стратешките цели на нашата земја, зголемувањето на активностите како членка на НАТО и максимално вклучување во процесите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската унија, како и во политиките за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.

Изложувајќи ги резултатите од претходните три години кога Владата покажа дека е можно да се обезбеди повисок економски раст и да се создаваат нови работни места, паралелно со континуиран раст на платите, премиерот Заев повтори дека и покрај здравствено-економската криза, која ја засегна нашата држава, како и останатите државите во светот, Владата ќе продолжи во остварување на заложбите за раст на минималната плата, на 20.000 денари и 34.000 денари, просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат. Премиерот Заев исто така најави дека наскоро ќе завршат консултациите и ќе биде објавен четвртиот пакет мерки за помош на македонската економија.

„ Најавивме и ќе испорачаме мандат на ред, правда и ефикасност. Мандат на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото. Силен ефикасен правен систем и силната посветеност во борбата против корупцијата и криминалот се исклучително важни државата, за нејзините граѓани“, рече премиерот Заев, истакнувајќи ги приоритетите во насока на остварување на нашиот процес за интеграција во Европската Унија и отпочнување на преговорите и отворање на првите поглавја кои најчесто се однесуваат токму на владеење на правото.

Обраќајќи им се на пратениците при образложувањето на предлог-листата за заменици-министри во Владата, премиерот Заев, подвлече дека Владата и во новиот мандат продолжува со почитување и воведување на целосно нови стандарди во водењето на институциите, покажувајќи дека може да се работи и чесно и одговорно и професионално во име на интересите на државата и заврши:

„ Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска се сртнал со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, а на средбата меѓудругото истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби исто така и посочил дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Тој особено ги здвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница.

На средбата било потенцирано дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија

За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вархеји: Периодот што следи е клучен за европската иднина на Северна Македонија

Објавено пред

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која во посебен фокус биле следните чекори на европскиот пат на земјава, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Како што се наведува во официјалното владино соопштение, Димитров се заблагодарил на тимот на еврокомесарот Вархеји за вложените напори од страна на Европската комисија во светло на отпочнување на преговорите со Унијата, како и за економската помош што Северна Македонија ја добива во контекст на сузбивање на последиците од пандемијата.

Двете страни го потенцирале значењето на периодот што следи, кој го оцениле како суштински за европската иднина на Северна Македонија.

„Спремноста, визијата и посветеноста на нашиот тим за реализирање на овој стратешки национален интерес ја потврдува потребата за следниот историски чекор на нашата европска агенда – отпочнување на пристапниот процес”, нагласил Димитров.

Комесарот Вархеји информирал за напредокот во финализирањето на Економската програма за развој и инвестиции во земјите од регионот на Западен Балкан, што веќе за време на мандатот на оваа Комисија се очекува да испорача опипливи резултатати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија4 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија4 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет4 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа6 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт6 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија7 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија7 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет7 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија8 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија8 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија9 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија18 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија1 ден

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија1 ден

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија1 ден

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Досие