Контакт

Македонија

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Објавено пред

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во која ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а отселените ќе се вратат.

Неговото обраќање, посветено на прашањето за падот на наталитетот, стареењето на населението и иселувањето, ја стави во фокусот демографската рецесија, која ја нарече тивка, долготрајна, системска и глобална криза.

Тој нагласи дека ова не е проблем само на Македонија, туку предизвик со кој се соочуваат и држави како Германија, Италија, Бугарија, Јапонија и Јужна Кореја, каде што се раѓаат сѐ помалку деца, населението старее, а младите се сè почесто во потрага по подобар живот надвор од границите.

„И ние не сме исклучок. Но, нашата состојба е посебна. Затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е аларм“, оцени Мицкоски.

Факти што, според Мицкоски, не смее да се игнорираат:

– Во 2024 година се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година;

– Во последните 4 години изгубивме повеќе од 33.000 жители – како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево;

– Стапката на наталитет падна од 12,5 проценти во 2010 година на само 8,8 отсто во 2024;

– Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение;

– Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат.

„Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири“, додаде премиерот.

„Оваа Влада не го премолчува проблемот“

Мицкоски рече дека оваа Влада го именува проблемот, го признава и се бори со него.

„Тоа не е борба со едно министерство. Тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини, каде што се простуваат мајки и синови“.

Се размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети

Главните цели, според Мицкоски, се: да се направи животот овде вреден; мајчинството да биде благослов, а не товар; да им се даде причина на младите да останат; да се изградат институции што ќе ја негуваат младоста; да се изгради држава „во која надежта е поважна од пасошот.

„И тука сериозно размислуваме, рече премиерот, за дополнителни даноци за немажени и за неженети“, додаде тој.

Премиерот порача дека „нема ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни. Но, исто така – нема ништо похрабро од народ што се буди“.

„Време е за држава во која ќе се раѓаат повеќе деца“

„Време е. Време е за држава – каде што ќе се раѓаат повеќе деца, тоа ни е главниот императив, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние што се отселени да се вратат. Затоа што само така ќе се живее со повеќе срце“.

На крајот го цитира филозофот Едгар Морен: „Демографијата не е судбина – туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме“.

Најново

Македонија2 минути

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија5 минути

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура32 минути

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион36 минути

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...

Спорт41 минута

(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал...

Регион48 минути

(Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина

Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми. „Синот ми...

Свет48 минути

Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже, но Нетанјаху можеби сакал да види што може да направи Хамас

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го доведе во прашање начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постапил по наводното...

Македонија55 минути

Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на...

Свет57 минути

Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија

Белорусија нема намера да нападне никого, но е должна да ја обезбеди сопствената безбедност, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко....