Македонија
Владата разреши и постави нови директори на повеќе институции

Владата денеска на седница донесе повеќе кадровски решенија. Па така, Амет Аџиу е разрешен од должноста в.д. директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола.Осман Шукриу е именуван за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола. (На 23.11.2020 г. НП Пелистер достави Одлука бр. 02-212/4 од 17.11.2020 година на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу).
Трајче Ангеловски е разрешен од должноста член на Советот за јавно приватно партнерство, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси. Елпида Младеновска е разрешена од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка).
Ѓоко Талевски е разрешен од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола). Дејана Николова е разрешена од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе стручeн работник од центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.
Никола Камчев е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар).Веселин Стојчевски е именуван за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).
Ристо Пецов е именуван за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје.Еран Куртиш е именуван за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.
Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, го избра Бинас Пајазити. Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”- Скопје, во државна сопственост.Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели заменик директор на оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи – Ѓукановиќ: Нема отворени прашања меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
„На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји, за кои беше потенцирано дека се безотворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка,за што постои интерес и потреба, беше подвлечено од страна соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската унија“, соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување на посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
„На тој пат, би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и посебно да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи, посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање на нови перспективи за нашите земји и граѓани, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.
Македонија
(Видео) Ангеловски: 2020 мина со најмал број на жртви во сообраќајот во историјата на државата

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди, а кога ќе го споредиме декември од 2020 и 2019 имаме намалување од 23 отсто, порача денеска од Кaвадарци, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој нагласи дека како резултат на преземените активности од страна на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата.
Ангеловски истакна дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера (21 јануари) спровела контроли на територијата на Кавадарци, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила…
Македонија
Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев, и најави дека ќе поднесе жалба.
По признание на вина, Ѓорѓевски беше прогласен за виновен и изречена му е алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Пресудата е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули минатата година беше снимен како го пцуе и го напаѓа командирот од Тетово, Зоран Талев, со што му нанел телесни повреди.
Oбвинителството бара Ѓорѓевски да биде прогласен за виновен за кривично дело Насилство за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот