Контакт

Македонија

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.

Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. Како што велат од владината прес-служба, граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница.

„Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект“– истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Македонија

(Видео) Ковачки: Дали пратката од еден тон наркотици била придружувана со царински возила?

Објавено пред

Целосен молк од страна на надлежните институции за скандалот којшто вчера го објавивме, за шверц на еден тон наркотични супстанци преку скопскиот аеродром. Молчи Јавното обвинителство, молчи Оливер Спасовски и МВР, молчи и Царина преку која била пропуштена дрогата на аеродромот. Нема одговори за скандалот како тоа пратка од 1 тон дрога ги поминала сите безбедносни и царински мерки и незабележливо била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, рече на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема одговори дали на царинските службеници усно или писмено им било наредено да не ја проверуваат пратката на скопската компанија за мобилна галантерија, која пристигнала од Дубаи. Исто така јавноста не доби одговори дали царинските работници под присила ги смениле своите изјави за непостапувањето за оваа пратка, со која во Македонија се внесе 1 тон дрога“, додаде Ковачки.

Но овој скандал, како што нагласи, не завршува со самото пропуштање на дрогата да влезе на територија на Македонија.

„Ќе ги прашаме надлежните институции за овој случај, уште неколку скандалозни постапки од стана на засегнатите институции.
Дали истиот ден откако пратката била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, пратката била товарена во превозни средства и истата била придружувана со царинска придружба со ротациони светла? Повторувам, придружувана од царински службеници со ротациони светла. Дали пратката на влез во Скопје била запрена од страна полицијата и при контрола и претрес е констатирано дека пратката не соодејствува со содржината која била внесена на товарниот лист и царинската декларација, при што истата е запленета? Дали полицијата при претресот запленила и два мобилни телефонски уреди на македонски царински службеници и дали врз истите се извршени понатамошните истражни дејствија, кои би можеле да укажат во учество во сторување на одредени кривично правни дејствија кои се поврзани со сомнителниот нелегален увоз на стоки и материјали?“ праша Ковачки.

Смета дека надлежните институции, треба да одговорат за инволвираноста на раководните структури во МВР и Царината, како и на царинските работници, како и на полициските службеници, кои, како што додаде, не спречиле голем шверц на дрога да влезе во Македонија преку скопскиот Аеродром.

Го повика Јавното обвинителство веднаш да постапи по овој случај.

„Не смееме да дозволиме и овој случај да биде уште еден од редицата нерасчистени криминални случаи, кој се поврзани со кланот на власт, СДСМ и ДУИ“, истакна Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ

Објавено пред

Тешко е дека постои земја која повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но, секогаш има големо „но“, тоа ја одредува подготовката на земјата кандидат. Би сакал да кажам дека РСМ е подготвена да започне преговори за ова прашање, но не гледам причина за тоа“, изјави во интервју за бугарски медиум, Ангел Димитров, копретседавач со бугарско-македонската историска комисија.

Најави дека следниот состанок на Заедничката историска комисија ќе се одржи во четврток.

„Ќе разговараме за тоа што го зборуваме 5 седници по ред. Заглавени сме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско кралство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не остана време за разговор за заедничкото чествување на Гоце Делчев“, вели тој.

Според него, постои неподготвеност од страна на Република Северна Македонија да работи според научните принципи. Смета дека карактеристика на историската наука е упатувањето и почитувањето на фактите, изворите.

„За нив ова е лизгава патека, бидејќи нема историски докази да се зборува за постоењето на македонскиот народ, македонската држава и Самуил да биде македонски цар, и на основа на тоа да се започне сериозна дискусија“, вели Димитров.

Смета дека политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи.

„Историјата влијае насекаде, историјата дава аргументи, им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но тие не се оние што ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите“, додава тој.

Запрашан за иднината на Заедничката бугарско-македонска комисија, бугарскиот копретседавач истакна дека колку и да изгледа бесплодна нејзината работа, таа го привлекува вниманието на јавноста во двете земји.

„Прашањето ги засега луѓето – читаат. Комисијата е показател за состојбата на билатералната комуникација“, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре, среда (8.12.2021 година) кој е неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја која повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа39 минути

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“ дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Свет1 час

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет3 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет3 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет4 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ15 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион16 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет17 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион17 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија18 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет21 час

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија21 час

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија24 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа1 ден

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа1 ден

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Досие