Контакт

Македонија

Владата ќе бара начин како „Македонско село“ да продолжи со работа

Објавено пред

Работна група ќе решава како да продолжи стопанисувањето со „Македонско село“. Одлуката за формирањето на работната група ја донела Владата на редовната седница.

„Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изнаоѓање решение за стопанисување и управување со комплексот ‘Македонско село’ во Нерези – Скопје“, соопшти владината прес-служба.

Групата најпрвин ќе треба да ги разгледа сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, која ќе треба, врз основа на анализата на сите законски решенија, да предложи постапка со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот „Македонско село“.

Македонија

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Објавено пред

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е изгубен. Телефонот бил пронајден кај друго лице кое рекло дека го добило на подарок.

„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Мобилниот телефон ќе биде предаден на вештачење, а истовремено Обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.

Вчера во рамки на истрагата за противзаконито влијание и перење пари, Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на Јанева кој ѝ беше одземен за да се испита евентуална поврзаност на специјалната обвинителка во случајот „Рекет“ во кој се осомничени Зоран Милевски – Кичеец и Бојан Јовановски – Боки 13. И двајцата се во притвор од минатиот понеделник, 15 јули.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министрите на владина седница ќе ги разгледуваат законите за ЈО и Советот на јавни обвинители

Објавено пред

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 146-та седница, на која на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог-законот за јавното обвинителство, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

На редовната седница на Владата ќе биде разгледана и Информација за започнување постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на МХЕЦ „Глажња” и МХЕЦ „Липково”.

Министрите во Владата денеска ќе донесат одлука и за Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност”.

Министерството за надворешни работи како точка на дневниот ред на денешната седница го предлага Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) – Прешево (Република Србија).

На предлог на Министерството за внатрешни работи за оваа седница доаѓа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија.

Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница ќе ја презентира информацијата за модернизација на единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР и воведување на нови форми за вклучување во процесот на креирање на политики.

Редовната, 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – разбојништво.

Од обвинителството велат дека еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето на кривичното дело.

Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година , околу 22 часот, заедно со едно засега непознато лице – негов соизвршител, со употреба на опасно орудие пиштол се заканиле на двајца вработени во казиното „Адмирал“. Притоа тие, маскирани со фантомки, влегле од задната врата на казиното и одзеле парични средства во вкупен износ од 126.161,00 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец ги чекал двајцата сторители во возилото марка „Ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз , со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што се дале во бегство.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка, па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот и мерки на претпазливост за второосомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот кој се гони за соизвршителство му е определен притвор со траење од 30 дена. На осомничениот кој помогнал во вршењето на кривичното дело му се определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице во надлежен државен орган и одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа16 минути

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија кои траат веќе три дена се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија1 час

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија2 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион2 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија16 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија17 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија17 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија19 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија20 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија22 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет24 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет24 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија2 дена

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион2 дена

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Досие