Контакт

Македонија

Владата ќе го решава паркинг-проблемот во Клинички со катни гаражи и јавно-приватно партнерство

Објавено пред

На последната 135. редовна седница на Владата усвоена е предлог-одлуката за почнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Целта на постапката за доделување договор за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, како што пренесува владната прес-служба, е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект сè со цел да се исполни целта на ЈПП и давање квалитетна услуга.

„Со овој модел на ЈПП приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи“, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски

Објавено пред

Можеби Мицковски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа? Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова, праша на прес-конфренеција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка на СДСМ.

„Мицкоски. Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам северна. Ако кажам северна, нека ми го одземат мандатот. А токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа северна толку силно да уште одзвонува во салата на собранието. Да не зборувам за тоа како одзвонува претседателката на говорот на претседателката на државата во салата во Обединетите нации кога Северна го употреби повеќе отколку сите претходната влада. Мицковски кој го кажа ова? Ме боли и ме пече во името на сето тоа, а за името на државата не сакам да градам кариера. Па целата кариера ти ја изјади шуснус врз основа на лагата дека кога ќе дојдеш на власт ќе го поништиш преспанскиот договор, ќе го вратиш името и та ната. Значи лагата е како шило. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажеќи граѓаните дека ќе го направи спротивно тоа денеска што го прави“.

Жерновски дополнително праша дали има потреба да се изнесуваат уште докази од изјавите и настапите на Мицкоски и на неговите пратеници, министри за да, како што рече, конечно им стане јасно дека оваа лага е прозирна и дека веќе е смешна и трагикомична.

„Што прави Мицковски кога ќе го фатите во лага? Одговара со нова лага. Таква нова лага и неговиот закон за двојно државјанство со којшто ако се сеќавате предложи пратениците, но не од овој состав, идниот состав, да имаат само едно државјанство да не можат да имаат веќе државјанства.

Кој устав сеа го проверувате? Оној вашиот македонскиот или оној вашиот бугарскиот? Тоа е лагата. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е партија којашто патриотизмот го користи во популистички цели, а во позадина вадат бугарски државјанства. Тоа се лаги, тоа е лицемерие, тоа е манипулација којашто служи за одржување на моќта, којашто пак служи за заштита на криминалот којшто секојдневно го прават“.

Најави дека опозициската партија нема да застане тука и дека ќе ја откриваат вистината.

„Не може да се создаваат конфликт намерно со Бугарија, на тоа да се печалат патриотски политички поени, а во позадина да се живее и да се патува со бугарски пасош.

На крај излегува дека нас од Бугарите не бранат Бугари, а тоа нема да го дозволиме.

Најголема закана за нашиот идентитет всушност е самата ВМРО организирана криминална група, којашто со својот лажен патриотизам секојдневно ги уништува позициите на нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари.

Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби, при што во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари.

Со таквите дејствија, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.720.502 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хоџа на „Генералка викенд“: Грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани, институции и приватен сектор во заедничка акција за чистење и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина.

Хоџа истакна дека континуитетот на оваа иницијатива покажува дека кога постои заедничка волја, резултатите се видливи и конкретни.

„Министерството за животна средина секогаш ќе ги поддржува ваквите иницијативи, така заедно ја градиме свеста дека грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика на сите“, нагласи Хоџа.

Тој потенцираше дека паралелно со ваквите акции, Министерството е фокусирано на системски решенија, пред сè преку воспоставување на регионален систем за современо управување со отпад, чија имплементација е во тек.

„Како министер, мојата обврска е градење систем што ефикасно го решава отпадот. Но, истовремено, нашата заедничка цел е да изградиме култура и иднина во која можеби вакви акции и нема да бидат потребни“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски

Можеби Мицковски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто...

Македонија12 минути

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата...

Свет12 минути

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките...

Култура15 минути

Националниот џез оркестар одржа концерт „Macedonian Dreams“ во Брисел

Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма...

Македонија17 минути

Хоџа на „Генералка викенд“: Грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани,...

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне

Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне, велат од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија20 минути

(Видео) Кузеска: Со шефот на бандата Мицкоски економијата тоне, инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè...

Македонија24 минути

Пренџов: Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ

Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. „Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска...

Спорт37 минути

Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам

На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот...