Контакт

Македонија

Владата: Законот за јазиците не воведува целосна двојазичност

Објавено пред

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања. Македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, соопшти Владата коментирајќи дека се шират лажни вести за примената на Законот за употреба на јазиците.

Од Владата велат дека законот бил донесен соодветно на правните процедури, а опозицијата имала можност амандмански да учествува во усовршувањето на законот.

„Опозицијата сама донесе одлука да не учествува во политичкиот процес на донесување на Законот за употреба на јазиците. Неучеството не ја исклучува политичката одговорност на опозицијата за нивното одбивање да бидат дел од унапредувањето на правата на граѓаните во нашата земја.
Лажните или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во буџетот и за нови вработувања се само изговори и опструкции на опозицијата“, велат од Владата.

Оттука посочуваат дека вистината е оти Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што било утврдено со политичкиот договор за неговото донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постојните човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања. Владата појаснува дека работата на Агенцијата ќе се однесува на сите јазици.

„Агенцијата ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска, турска, ромска или друга етничка заедница ќе има потреба од каков бил документ на друг јазик, покрај македонскиот јазик, тогаш Централната агенција ќе им излезе во пресрет на тие граѓани да им обезбеди услуга на нивниот мајчин јазик што најдобро го разбираат“, додаваат од Владата преку соопштение.

Вистина е дека унитарниот карактер на Македонија не е доведен во прашање, појаснува Владата, a законот нa ниту еден начин не ги загрозува употребата и заштитата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Законот, како што тврдат, не воведува целосна двојазичност ниту на целата територија на Република Македонија ниту во сите области на правниот поредок. Во меѓународните односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика македонскиот јазик е единствен официјален јазик во Република Македонија, што е утврдено со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година.

„Во согласност со заклучокот на Владата, Законот за употреба на јазиците ќе биде испратен на мислење до Венециската комисија од страна на Министерството за правда и сите евентуални забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Тоа е гаранција за целосно почитување на европските стандарди“, уверува Владата.

Во соопштението понатаму се додава дека сите се добитници со овој закон, Македонија ништо не губи, а многу добива со остварување на последното отворено прашање од Охридскиот рамковен договор. Со носење на Законот за употреба на јазиците, велат од Владата, се става крај на национализмот.

Македонија

Без вода корисниците на булевар Босна и Херцеговина

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ e добиено известување дека поради реконструкција на водоводна мрежа од ф – 300 мм на ул. Бутелска б.б (пред пумпена-станица Бутел), во периодот од 9 часот па до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од булевар Босна и Херцеговина (општина Бутел).

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Заев од Дебар: Да го сочуваме единството, гласот за Река ја крева Силјановска, не фрлајте го сопствениот глас

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, и претставникот од ДУИ и министер за економија, Крешник Бектеши, повикаа на двојна победа во Дебар со оглед дека во општината следуваат и претседателски и локални избори – граѓаните да ги поддржат заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски и градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука.

„Се здруживме дома, донесовме важни одлуки, одржавме европски лекции, без калкулантство. Да си го задржиме народот, младите. Дојден сум да побарам поддршка да си го држиме единството“, порача Заев, кој посочи дека Дебар отсекогаш бил пример за соживотот во нашата држава.

Тој повика на посебна внимателност за кого гласаат граѓаните бидејки гласот за Река е глас за Силјановска, а тоа води назад.

„Јас го почитувам Блерим Река, но го фати национализмот на Зијадин Села и се здружи со Силјановска. Албанците не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ затоа што од ВМРО-ДПМНЕ не ги сакаат, не ги гледаат рамноправно. Однапред прават математики како Села да му помогне на Мицкоски. Затоа, фрлање во кош е гласот за Река. Гласот за Река ја крева Силјановска. Нас ни треба да ечи гласот на нашиот народ. Затоа, да гласаме за кандидатот за градоначалник, Дука, и за претседателскиот кандидат Пендаровски“, додаде Заев.

И кандидатот за градоначалник, Хекуран Дука, и претставникот од ДУИ и министер за економија, Крешник Бектеши, повикаа на заедништво и продолжување напред.

„Ќе бидам еднаков за сите и ќе ги поттикнувам сите млади да работат заедно на развојот на Дебар. Гласајте за мене и за консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски“, повика градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука.

„Работиме на заеднички перспективи, без предрасуди, за перспективи на сите граѓани во нашата заедничка држава, за економски развој, за напред кон НАТО и ЕУ. Да ги поддржиме градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука и заедничкиот кандидат Стево Пендаровски“, рече претставникот од ДУИ и министер за економија, Крешник Бектеши.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Силјановска од Штип: Претседателот не треба да има повеќе ингеренции

Објавено пред

Кандидатот за претседател, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, вечерва се сретна со граѓаните во Штип.
Таа им се заблагодари на поддршката што ѝ ја даваат во текот на оваа изборна кампања, затоа што ѝ даваат дополнителна сила за да победи, сè со цел правдата да преовладее во државата.

„Една е нашата татковина Македонија. А татковина не се менува. Татковината не трпи придавки, не ѝ личат. Никогаш во историјата, ниту на Илинден, ниту на АСНОМ, ниту на 8 Септември, ниту некој се борел, ниту некој мечтаел, ниту некој сонувал, ниту некој се радувал на Северна Македонија“, порача Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека не е национализам да кажете дека нешто што немало корен не може да фати корен во срцето, ниту може да го прими умот, па ни здравиот разум. Нема мести за придавки.

„Јас ве уверувам дека договорите се важни, меѓутоа со договор не може да се крши Уставот, ниту договорот може да опстои ако е спротивен на она малку меѓународно задолжително право. Не, договорите не се ни Библија ни Куран, секој народ си има право на самоопределување, така и македонскиот“, појасни Силјановска-Давкова.

Посочи дека правото на самоопределување на секој народ и нација е непотрошно право. Него го нема ако ги нема внатре името, знамето, химната и својот Устав. Власта се откажа од тоа, ама не можае да се откаже во име на македонскиот народ. Бидејќи народот е носител на суверенитетот, а не власта.

„Првиот митинг го одржавме во мојот роден град Охрид, последниот во славниот Штип. Штип со херои, Штип со државници. Штип во кој дури првиот човек на партијата што е на власт рече и напиша дека Македонија е сè што имаме, а сега власта го заборави тоа. За нив, Македонија е сè што немаме, ама ние ќе ја вратиме Македонија зашто тоа е сè што имаме“, нагласи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова рече дека на 21 и на 5 мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи. Бидејќи крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.

„Не може претседателот да направи сè, јас не мислам дека претседателот треба да има повеќе функции од овие. Се плашам дека на Балканот власта, особено кога е лична, може да се употреби и да се злоупотреби. Ама за да прерасне македонската пролет во македонски европски реформи, победата ќе значи отворање на новата ера по предвремените парламентарни избори. А тогаш сето она за што страсно разговараме и се договараме дека мора да се случи, а е невозможно без правна држава, без просперитетна економија, без квалификувана државна и јавна администрација, со остра битка со корупцијата и криминалот, што е нивно секојдневие, со битката со фамилијаризацијата на демократијата, наречена невиден непотизам, ќе доведе до отворање нова страница од македонската историја“, нагласи Силјановска-Давкова.

Појасни дека од срце посакува Македонија да добие датум на преговори за влез во ЕУ, ама умот ѝ вели тоа не е можно. Не е доволно да имате договор во рацете за да се влезе во ЕУ, треба да се има европски капацитети. Треба да се има европска кондиција, треба да се почитуваат европски вредности, но нив ги нема, за жал. И сето тоа на власта ќе ѝ се соопшти набргу.

„Тогаш што останува, останува по успешните претседателски избори и по успешните предвремени парламентарни избори, за кои се надевам дека премиерот ќе го додржи зборот овој пат, барем по тоа да остане запомнат дека еднаш го исполнил она што го ветил. Е, тогаш ќе можеме навистина заедно да градиме држава со правда и правдина“, нагласи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова на граѓаните во Штип и во Македонија им вети дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се избори светлината на правото и правдината да завладее во Република Македонија и да се стави крај на заевизмот, кој ѝ нанесе само зло на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201911 час

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија17 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија18 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија20 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија20 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток21 час

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа22 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие