Контакт

Македонија

Влада: Се почитува забраната за работење на конфекциите во Штип

Објавено пред

konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos

Државниот трудов инспекторат, во координација со полицијата, направиле засилени контроли на подрачјето на Општина Штип каде што Главниот координативен кризен штаб забрани работа на текстилните и кожарските фабрики за време на продолжениот викенд.

„Од надзорите е утврдено дека компаниите од овие две дејности во Штип целосно ја почитувале забраната, а со засилени контроли инспекторите на трудовиот инспекторат во производствените капацитети низ државата проверуваа дали се почитуваат протоколите за заштита на работниците“, велат од Владата по владината седница.

ДЗСИ денеска работело на издавање на решенија за изолација на новите позитивни случаи и на нивните контакти.

Во текот на денешниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат биле поднесени 4 кривични пријави по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик кои е однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест, од кои 2 од пријавите се поднесени во Дојран, една во Струмица и една во Битола, информира владината прес-служба.

Државниот пазарен инспекторат денеска поднел и 12 прекршочни пријави.

 

 

Македонија

Програмата на СДСМ и Коалицијата Можеме објавена на знаковен јазик

Објавено пред

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ шесте клучни столба од Програмата ги објавија на знаковен јазик.

На овој начин, како што истакнуваат од партијата, најважните, клучните ветувања и заложби на СДСМ и коалицијата „Можеме“ сега се достапни и за лицата со оштетен слух и за лицата со оштетен вид.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанушев: Намалување на персоналниот данок на доход и данокот на добивка на 8%

Објавено пред

„Само држава со силен приватен сектор е силна држава. Се обврзуваме на намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, повеќе средства за инвестиции во нови технологии и линии на производство,царинска гилотиња и подобри услови при извоз и увоз,реформи во инспекцискиот систем. Приватниот сектор ќе биде стожер на државата“, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна Единица 3.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ибрахим: Ќе создадеме нови работни места за да ги задржиме младите во земјава

Објавено пред

Под мотото „Продолжуваме кон целта”, Партијата за движење на Турците (ТХП) продолжува со предизборната кампања за престојните предвремени парламентарни избори.

На предизборната трибина организирана во Кичево се обрати Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, кој воедно е и кандидат за пратеник во 5-та изборна единица. Ибрахим во својот говор се осврна на долгогодишната принципиелна борба на ТХП, која беше препознаена од страна на граѓаните од турската етничка заедница и заеднички се собори режимот. Ибрахим додаде дека ТХП и во следните години ќе продолжи да работи за демократско и праведно општество, чии темели се поставија во изминативе три години.

„Нашата цел е Република Северна Македонија континуирано да се развива во сите полиња, а нашите граѓани да имаат поквалитетен живот со европски стандарди. Покажавме дека државата може и треба да пружи рака на секој граѓанин без разлика на етничка, верска, политичка припадност. Со вашата поддршка и во следните 4 години ќе продолжиме да создаваме нови работни места, да обезбедиме повисоки примања, да ги зголемиме странските инвестиции, но и да ги задржиме младите во нашата татковина”, кажа Ибрахим, навестувајќи голема победа на коалицијата „Можеме” на 15-ти јули.

На трибината учествуваше и генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски, кандидат за пратеник од 5-та изборна единица.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија56 минути

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на ковид наесен во однос...

Македонија1 час

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна, го доби решението од Управниот суд со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет2 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет2 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија13 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија13 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет14 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион16 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија18 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија20 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија20 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија20 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион20 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија21 час

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион23 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ24 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура24 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија24 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Досие