Контакт

Македонија

Владина делегација во Крива Паланка се запозна со главните проекти за развој и разубавување на градот

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски, заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска беа во работна посета на Крива Паланка, која ја почнаа со средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски и претставници на Советот.

Владината делегација, заедно со домаќините од Крива Паланка изврши увид во отпочнувањето на реконструкцијата на градскиот плоштад и парк и обиколка на една од градинките во центарот на градот, која во наредниот период ќе се надградува со уште еден кат со што ќе се прошири постоечкиот капацитет за уште најмалку 100 деца.

Истакнувајќи дека градежната офанзива не престанува и во корона-кризата, премиерот Спасовски истакна:

„Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности со проекти од значење на локално, регионално и национално ниво. Во оваа нова реалност, на тој начин ја помагаме економијата во многу важен период“.

Спасовски го означи почетокот на проектот „Реконструкција на градскиот плоштад и градскиот парк“, како дел од поголемиот проект „Крива Паланка – Источна порта на Европа (Фестивалска туристичка атракција)“.

Тој нагласи дека се работи за грант од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија и кофинансирање од страна на Владата, администриран од страна на Светската банка преку доверителски фонд, и со учество на Општината.

Премиерот подвлече дека вкупната вредност на проектот изнесува 662.000 евра, а крајниот рок за реализација на проектот е 20 ноември оваа година, кога, како што рече, граѓаните на Крива Паланка ќе добијат градски плоштад и градски парк каков што му доликува на еден европски град.

Македонија

Двајца колеги од КАРИЛ ќе ги менуваат анестезиолозите што си дале отказ во „8 Септември“

Објавено пред

Двајца анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе ги заменат анестезиолозите кои во петокот си дале отказ во Градската општа болница „8 Септември“.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со ротации нема да се почувствува недостиг не само од анестезиолози туку и од останатите здравствени работници кои учествуваат во лекувањето на заболените од коронавирус.

„ Нема да има недостаток од вкупниот број анестезиолози. Минатата недела разговаравме за замена и помош на анестезиолозите во „8 Септември“. Двајца колеги од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе одат на помош во „8 Септември“. Се направи распоред за да не трпи програмот на хируршките клиники. Имаме интензивна комуникација околу системот на ротација. Има ентузијазам и кај други колеги да дојдат кај овие пациенти и нема ризик за недостаток на лекари иако мора да се каже дека се веќе преморени по речиси пет месеци работа без одмор. Имаме и повеќе од потребниот број пријавени анестезиолози за помош, се пријавија четворица, но засега има потреба само од двајца“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека уште на почетокот на пандемијата е донесена Уредба со која на услуга на јавното здравство е ставен и медицинскиот персонал од приватните клиники, но засега нема потреба од нивно вклучување со оглед на тоа што има меѓу тројца и десетмина пациенти на респираторни машини.

Министерот потврди дека една од анестезиолозите што си дала отказ и претходно работела во приватна клиника. Изминатиот период кога се појавил интерес за враќање во јавното здравство таа дошла да работи во „8 Септември“, но сега сака да замине, а другиот анестезиолог, министерот Филипче кажа дека е со долгогодишно искуство во јавното здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Објавено пред

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој на денешната прес-конференција во Владата се осврна на бројките и статистиката за Ковид-19 во Македонија.

„Во земјата досега се направени 68.059 тестирања. Стратегијата на широко интензивно тестирање, вклучително и тестирање на контакти на позитивните по индикација дава резултати. Овој пристап на дава да имаме еден широк увид на состојбата на ширењето на вирусот и овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта пред се, во скопскиот и тетовскиот регион“, рече минисерот Филипче.

Според него, како резултат на оваа стратегија имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање.

„Анализата во однос на процентот на позитивни од тестирани случаи покажува дека имаме просек од 13 проценти од вкупниот број на направени тестови и во изминатиот период оваа бројка не се менува значително“, додаде Филипче.

Тој потенцираше дека светот е далеку од крајот на пандемијата, бидејќи земјите кои веќе имаа прогласено крај на пандемијата, според најновите информации повторно имаат нови случаи на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Објавено пред

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се очекуваше, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на денешната прес – конференција сподели и информации и анализи од Институтот за јавно здравје за последните две недели.

„Од последниот извештај од 20 до 28 јуни, споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи, 8 помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти.
Изминатата недела има 860, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек во минатите три недели“, рече Филипче.

Тој појасни дека Р-нула факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само два до три дена бил над 1,1, а целиот останат перод бил околу 0,9.

„Најзастапени се возрасните лица над 60 години со 26 проценти. 44 проценти од нив биле лица со претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е и највисока“, рече Филипче.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, кое е најголемо жариште на вирусот.

Тој го истакна растот на новите случаи на Ковид-19 во земјите од регионот.

„СЗО извести дека 60 проценти од слуаите, на 10 милиони пациенти од светот се регистрирани во месец јуни. Тоа значи секаде има нов бран, а кај нас дојде нешто порано. Состојбата во светот исто така пoкажува дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија. Светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати, вирусот е тука и ќе остане подолго време, а ние треба да бидеме подготвени“, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство,...

Македонија45 минути

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се...

Македонија46 минути

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои...

Македонија1 час

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион2 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија2 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион4 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ5 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура5 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија5 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион20 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион21 час

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава22 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет22 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт23 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија24 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ1 ден

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Досие