Контакт

Македонија

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Објавено пред

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник не се појавил за да потпишат покачување на платите. По големиот протест минатата недела владини претставници обвинија дека ССМ одбил да потпише покачување на платите за 40 % до 2028 година, а претседателот Трендафилов, пак, ги повика да дојдат денес во ССМ и да се спогодат за зголемување и на минималната и на сите останати плати.

„Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме спогодба  за утврдување на висината на минималната плата во бруто – износ започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6000 денари. Но, не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои се поголем број на работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат  останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра.

Денеска, паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати.

Но, мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на работничките плати, па така за борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ скоро една година, за она што протестираа работниците во управата, она што тие од Владата одбиваа да го направат, денеска зборуваат дека ќе го прават.

Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.

Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.

Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво.

Дополнително, барањето на поединци за укинување на Општиот колективен договор значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 (образование, здравство, одбрана, полиција и др.), без додатоци за плата кои беа зголемени со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе се на работниците !?“, стои во објавата на претседателот Трендафилов.

ССМ најави дека оваа недела ќе почне со најавените блокади, а прва институција која ќе ја блокираат е Собранието. Доколку и со блокади Владата не одговори на барањето минималната плата да биде 600 евра, а линеарно да се зголемат и сите останати плати за 100 евра, најавен е и генерален штрајк.

Најново

Црна хроника2 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт9 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија37 минути

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...

Спорт40 минути

Гвардиола за СП, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското...

Забава42 минути

(Фото) Навивачите брутално ја нападнаа девојката на Мбапе: Ѕвездата на Нетфликс е виновникот

Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу...

Спорт52 минути

Јувентус го потпиша Зеки Челик

Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од...

Забава58 минути

(Видео) Мет Дејмон ги покажа својата сопруга и ќерка: сите велат исто – не се знае која е поубава

Актерот Мет Дејмон неодамна присуствуваше на уште една премиера на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан. Овој пат настанот...

Спорт59 минути

Гризман: Сонував да дојдам во МЛС уште од мои 18 години

Антоан Гризман потпиша за Орландо Сити и со тоа ја исполни својата долгогодишна желба да игра во американската МЛС лига....

Македонија1 час

„Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот“, велат од СДСМ

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините...