Контакт

Македонија

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Објавено пред

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.

И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Опозицијата се спротивставува на тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да продолжи да ја води оваа институција. Неформален рок за договор е крајот на месецов. Законите што ги договараат власта и опозицијата се важни за зголемување на шансите за добивање датум за преговори со Европската Унија во јуни.

Еден од условите за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни е токму овој реформски закон за Јавното обвинителство. За негово изгласување потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре.

За оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот.

Покрај десетте Центри за јавно здравје, во вакцинацијата годинава вклучени се и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека, пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот.

Од Министерството за здравство информираат дека станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од „Mylon Abot“, а илјада вакцини од „Sanofi“.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во  февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември, ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока.

Прикажи повеќе...

Македонија

МИОА и МОН организираа обука за сајбер-безбедност за ученици, наставници и родители

Објавено пред

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата „Метаморфозис“ организираа Еднодневна обука за сајбер-безбедност за ученици, наставен кадар и родители.

Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер-просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер-инциденти кај учениците од основно образование.

„Министерството за информатичко општество и администрација ја стави сајбер-безбедноста во фокусот на својата работа со подготовката на Стратегијата и Акцискиот план за сајбер-безбедност.  Тоа што е најважно за соочување на проблемот со сајбер-криминалот и ризиците со кои сите ние се соочуваме на интернет е да сфатиме дека станува збор за глобален проблем, кој не познава граници. На локално ниво, од друга страна, мора да сме свесни дека единствено можеме да се соочиме со овој проблем доколку се обединиме сите заедно. Тука мислам на владините и образовните институции, бизнис-заедницата, невладиниот сектор, родителите,  наставниците и на децата кои од мали нозе мора да научат како да го користат интернетот“, рече министерот Дамјан Манчевски.

Според него, темата за сајбер-безбедност не смее да се игнорира. Како што истакна тој, нашата земја е во чекор со европските трендови, односно речиси 75% од популацијата во Северна Македонија, на возраст меѓу 15-19 години, има профил на социјалните мрежи. Овие бројки се потврда дека треба посветено да се работи на јакнење на свеста од најрана возраст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чадиковски почна да оперира деца во „Систина“ на товар на Фондот

Објавено пред

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца до 18 години со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Можноста произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање на здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица кој го потпишаа ФЗОМ и „Аџибадем Систина“.

Овие интервенции ги извршува тим од доктори предводен од Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем“ од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15 илјади интервенции. Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолoзи, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца.

Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија1 час

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија3 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија3 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија3 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет4 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет4 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија4 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија18 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија21 час

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа23 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија24 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија24 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија1 ден

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Досие