Македонија
„Влен“: 600 млади работници во заштитата на животната средина; Додека опозицијата гори, ние спречуваме пожари

„За да се справи со предизвиците што ги носи летната сезона и зголемениот ризик од пожари, Владата преку Оперативниот план за 2025 година, ќе ангажира 400 нови пожарникари во општините со најголеми потреби. Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци“, велат од „Влен“.
„Пожарникарите се херои на првата линија во борбата против пожарите, ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат граѓаните, материјалните средства и нашата животна средина. Затоа, зајакнувањето на капацитетите во оваа насока не е само неопходност, туку и почит и поддршка за нивната херојска работа.
Додека опозицијата “гори“ во криза, противречности и недостаток на визија, ние спречуваме пожари во полна смисла на зборот. Ние сме на терен, со конкретни планови и одмерени акции, за да ја направиме државата функционална и безбедна за сите граѓани.
Во исто време, Оперативниот план за 2025 година предвидува и вработување на 600 невработени лица во рамките на локални проекти поврзани со инфраструктурата и заштитата на животната средина во општините. Оваа мерка има за цел не само да го промовира локалното вработување, туку и активно да ги вклучи граѓаните во градењето и одржувањето на здрава животна средина.
ВЛЕН останува посветен на обезбедување конкретни решенија за потребите на граѓаните, зближувајќи ја безбедноста, развојот и благосостојбата за сите. ВЛЕН, бидејќи одговорното работење е обврска кон граѓаните!“, соопштуваат од „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.
Македонија
Муртезани во Брисел на форум за проширувањето

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денес ќе учествува на форум на високо ниво за проширувањето со наслов „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК).
Муртезани ќе учествува на воведната сесија на форумот на ВИП-тркалезната маса заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ, и државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро.
Форумот има цел да ја истакне важноста на социјалниот дијалог и на ангажманот на граѓанските организации и младите во процесот на проширување на Европската Унија како основа за градење поправедно и посолидарно европско општество.