Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на тројни избори, референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори

Објавено пред

Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори. Доколку антимакедонскиот СДС и Димитар Ковачевски се уверени дека ја уживаат подршката на граѓаните и дека нивните политики се правилни, тогаш нема зошто да се плашат од организирање избори. Самиот факт што Димитар Ковачевски бега од соочување со народот покажува дека тој само се интересира за гола власт ден повеќе и презема чекори за негација на Македонија за да се опстане на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијта наведуваат дека антимакедонскиот СДС бега од избори затоа што виде каков дебакл доживеа во Тетово, каде што разликата беше 2 спрема 1 во корист за ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот од Тетово ќе се преслика и на целата територија на Република Македонија.

Антимакедонскиот СДС и Ковачевски да покажат свесност и совесност и да не се ставаат врз партиските приоритети или лични желби и веднаш да прифатат избори бидејќи тие се излез од кризите што самите ги создадоа како резултат на неспособност и незаинтересираност.

Тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец, кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани.

Македонија може и мора подобро, се вели во соопштението.

Македонија

Поскапе пајак-службата во Центар

Објавено пред

Од денес за 1.000 денари е поскапа казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираа од претпријатието.

dobivaj vesti na viber

„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапени се горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила во градот. Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата, казната сега ќе биде 3.500 “, велат од ПОЦ.

Истовремено, во Зона 1 сервисните и станбените улици во секторот Дебар Маало, секторот Парк и секторот Буњаковец цената за 1 час паркирање поскапува од 60 на 70 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

dobivaj vesti na viber

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лаен, претседателка на Европската комисија, Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан, Киријакос Мицотакис, премиер на Хеленската Република, Николае-Ионел Чука, премиер на Романија, и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да одржи средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект IGB) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора.

Имплементацијата на проектот има цел да обезбеди диверзификација не само на рутите туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Во рамките на посетата на Република Бугарија, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година загинаа 45 македонски граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жичницата од денес со ново работно време

Објавено пред

Жичницата од денес ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу, информираа од Јавното сообраќајно претпријатие.

dobivaj vesti na viber

Посоченото работно време е во согласност со одлуката за работно време на објектот за октомври и април.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија13 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа14 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа14 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ16 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет18 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија18 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија19 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија19 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија21 час

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија21 час

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет24 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет1 ден

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет1 ден

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет1 ден

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија1 ден

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет2 дена

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија2 дена

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...