Контакт

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара денеска да се расправа за предлог-законот за амнестија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ побара предлог-законот за амнестија на лицата осудени и осимничени за 27 април да се стави на дневен ред на денешна седница во Собранието.

„Пред неколку дена го доставивме, а пракса е и обврска да биде на наредна пленарна седница. Ако навистина се работи на помирување, колегите да го поддржат предлогот, бараме денес овој предлог-закон да се стави на дневен ред“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Предлогот не беше прифатен. Прва точка на дневен ред беше предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи за исплатата на штетите од земјотресот во Охрид

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на проблемите кои настанале при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 како и предлог-мерки за нивно надминување. Перчо Божиновски, шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, побара од Советот на општината да го надополни дневниот ред со оваа точка која, како што вели, поради итноста би требало да биде прва на дневниот ред.

Опозициската партија укажува дека постојат сомнежи во однос на исплатата на штетите и очекуваат општината за тоа да ги извести Основото јавно обвинителство, Владата и Секторот за внатрешни работи во Охрид.

„​Отворено се сомневаме во направените проценки на штети и исплатата на високи штети кај одредени високи структури ангажирани во локалната самоуправа во Охрид. Сето ова не’ наведува на тоа да се сомневаме за направени огромни штети на буџетот на Република Македонија. ​Од тие причини бараме денес Советот на општината да го надополни дневниот ред со цел надминување на проблемот во интерес на граѓаните. ​Советот има надлежност и мора да го разгледа овој проблем како донесувач и чувар на буџетот на општина Охрид“, велат од партискиот Центар за комуникации во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ побара од в.д. градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред.

​„Од нашите информации кои се јавно достапни прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Кој знае колкава ќе беше штетатата на општина Охрид и Буџетот на Република Македонија и какви се’ не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем“, велат од опозициската партија.

Додаваат дека и периодот по барањето за ​информации од јавен карактер, очигледна е збунетоста и нерешителноста на раководството на локалната самоуправа и надлежните институции за надминување на оваа состојба.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николовски за клевета

Објавено пред

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев, против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Причината за тужбата е поради тоа што Николовски во телефонско интервју за една телевизија, рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добива сите главни бизниси во државата. На следното рочиште на 26 февруари, ќе биде распрашан братот на премиерот. Николовски доставил одговор на жалбата и рече дека сам ќе се застапува. Вредноста на спорот е 30 илјади денари.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека Вице образложил дека поради таа изјава чувствувал вознемиреност и имал главоболки.

“Ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје”, рече Николовски по рочиштето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Путин: Постои надворешен притисок околу зачленувањето на Македонија во НАТО

Објавено пред

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката на САД и на некои западни земји, чија цел е зајакнување на нивната доминација во регионот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Политика“ и „Вечерни новости“, кое доаѓа во пресрет на неговата посета на Србија.

„Уште во 1999 година, силите на НАТО без санкција на ОН два и пол месеци ја бомбардираа Југославија, а потоа насилно ја одделија автономната покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на независноста на Косово. Во 2017 година, и покрај ставот на половина од населението, Црна Гора беше вовлечена во НАТО. Беа исплашени од референдумот за ова прашање и како резултат на тоа, земјата сега минува низ период на политичка нестабилност“, изјави Путин.

Путин додава дека минатата година, поради, како што посочи форсирано зачленување на Македонија во НАТО, бил дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промената на името на државата, како и ревизија на основите на македонскиот национален идентитет. И притоа вели рускиот претседател била игнорирана волјата на македонскиот народ, кој на референдумот за промена на името се изјаснил против, но надворешниот притисок вели Путин продолжи.

„Нашата земја,знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на регионот, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место зазема стратешкиот партнер, а тоа е Србија“, истакна Путин.

Рускиот претседател во своето интервју исто така ги оцени како добри и односите со Босна и Херцеговина, особено со Република Српска, додека за односите на Москва со Хрватска и Словенија, тој рече дека прогресивно се развиваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николовски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Регион57 минути

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Пљешевица, се сериозно повредени,...

Македонија1 час

Путин: Постои надворешен притисок околу зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката...

Регион2 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести2 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија2 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет2 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет3 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет4 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет4 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет14 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион15 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион16 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет17 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања20 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура21 час

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија21 час

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија22 часа

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести22 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Досие