Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Боки 13 веќе два месеца е во притвор, а не е повикан на распит

Објавено пред

Истекуваат два месеца откако Боки 13 е во притвор, а тој сè уште не е повикан на распит, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прашуваат што е она што го знае Боки 13, а од коешто обвинителката Вилма Русковска и премиерот Зоран Заев се плашат.

„Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за аферата ‘Рекет’ да биде заборавена во јавноста. ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, по СЈО во незаконски дејствија“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

За сето време, додава опозициската партија, Катица Јанева продолжува да командува со институцијата преку која го вршела кривичното дело.

„Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара оддалечување од службата. Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која командува со нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки поради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд. Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус“, коментира опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  СДСМ не сака право и сака криминалците да останат неказнети, па оттукa бараат од нив да заминат од власт.

Македонија

Боки 13 од притвор спроведен на распит во Обвинителство

Објавено пред

Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на рацете беше донесен на распит кај обвинителката Вилма Русковска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“.

Боки 13 со полициско возило е спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шутка до Обвинителството. Тој за првпат откако му беше одреден притвор, дава исказ како првоосомничен во случајот, а на товар му се ставаат две дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство поради сомненине за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев. Од страна на судот му беше одреден триесетдневен притвор, кој потоа му беше продолжен. Според истрагата која ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати земале 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Утре на распит ќе биде донесена ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор. Минатиот месец, на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец. Тој три часа се задржа во обвинителството, користејќи го своето право да се брани со молчење.

Прикажи повеќе...

Македонија

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Објавено пред

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, побара да запре судењето бидејќи се води без барање од овластен тужител.

„Само СЈО може да води постапки за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, рече Шврговски и дополни дека само специјалниот јавен обвинител е овластен тужител во постапката.

„Денеска треба да биде присутен специјален јавен обвинител. Не може јавен обвинител од основна надлежност да застапува предмети од проширена надлежност“, кажа адвокатот на Мијалков.

Тој додаде дека СЈО е човек институција во чие име работат полномошници.

„СЈО е суверен титулар на тужбата“, рече Шврговски.

Претходно, скопскиот обвинител Артан Ајро на судот му достави овластување од државниот јавен обвинител да го застапува предметот заедно со колегите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов, кои не се присутни во судницата.

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје да сведочи во предметот. Претходното рочиште беше одложено бидејќи немаше уредна достава дека ја примил судската покана.

Во судот насмеан со обезбедувачите влезе и ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, како и останатите обвинети во случајот, заедно со нивните адвокати.

Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ. Грујевски и Бошокоски избегаа во Грција и нив им се суди во отсуство.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Предметот е во доказна постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Објавено пред

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје да сведочи во предметот на СЈО за масовното прислушување „Таргет-Тврдина”. Претходното рочиште беше одложено бидејќи немаше уредна достава дека ја примил судската покана.

Во судот насмеан со обезбедувачите влезе и ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, како и други обвинети во случајот, заедно со нивните адвокати.

Во „Таргет – Тврдина“ освен Мијалков, обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ. Грујевски и Бошокоски избегаа во Грција и нив им се суди во отсуство.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Предметот е во доказна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Боки 13 од притвор спроведен на распит во Обвинителство

Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на рацете беше донесен на распит кај обвинителката Вилма Русковска во Обвинителството...

Македонија52 минути

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија1 час

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје...

Македонија2 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија2 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион2 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија3 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија3 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет3 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет4 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет14 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт17 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион21 час

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија24 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Досие