Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да го почитува Деловникот

Објавено пред

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, апелира до власта да го почитува Деловникот на Собранието и предупредува дека законите донесени на незаконски начин се преседани што во иднина може да станат правило. ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за јазиците треба да се повлече и да се дискутира оценувајќи го како неуставен, неприменлив и со долгорочен ризик за кохезивноста во Македонија.

„Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија. Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија. Хаосот што го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети врз демократијата, но непочитувањето на Деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној што ќе ги прекрши“, стои во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека патриотите што се спротивставиле на недемократските процеси во Собранието биле неправедно притворени и со тоа бил извршен силен удар врз демократијата во нашата земја.

„Политичкиот прогон мора да сопре. Беззаконието стана правило за постапување на власта предводена од СДСМ. Единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија е судовите и институциите да се ослободат од канџите на власта и да работат по закон. Тоа значи и ослободување на патриотите што се обвинети во политички монтиран процес“, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, судовите мора да ги укинат сите незаконити одлуки, донесени надвор од пропишаните процедури, а нарачтелите и извршителите соодветно да одговараат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Објавено пред

Од

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да излезе и да гласа на референдумот.

,,Што се однесува до мене, јас веќе гласав пред 27 години. Гласав на 8 септември 1991 година. Не отстапувам од мојата одлука. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам”, рече Иванов на гала-вечера организирана од македонската дијаспора во Детроит.

Тој вели дека два пати ја добил довербата од народот со цел да не дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име и да не прифати идеи и предлози кои го загрозуваат македонскиот национален идентитет и тоа нема намера и да го направи.

Иванов е во посета на Соединетите Американски Држави, каде што в четврток треба да одржи говор пред Генералното Собрание на Обединетите нации. Генералното собрание на Обединетите нации, што секоја година почнува во третиот вторник од септември, годинава се одржува од 25 до 30 септември.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температура до 33 степени

Објавено пред

Од

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб со ветер од северозападен правец.Температурите ќе се движат од 12 до 31 степен.

Денеска и во понеделник во текот на денот ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети од Куманово: На 30 септември колку повеќе да излеземе, толку посилни ќе бидеме

Објавено пред

Од

Демократската унија за интеграција во текот на денешниот ден одржа средба со граѓаните во Куманово, каде ги информираше граѓаните во врска со важноста од гласањето на 30 септември што воедно е и историски датум за Македонија, бидејќи како никогаш порано ова земја е близу членството во НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека на 30 септември се гласа за стабилност, за мир, се гласа за безбедност како основен предуслов за економски развој и напредок.

,,Нема економија, нема инвестиции без одржлив мир и безбедност. На 30 септември се гласа за подобри меѓуетнички односи, на 30 септември се гласа и за генерациите што ќе се родат, затоа што план Б нема, единствената алтернатива е овој проект на 30 септември да се гласа и да биде успешен. На 30 септември се гласа за концепт, ќе бидеме со западен или источен концепт или филозофија. Колку повеќе ќе излеземе на 30 септември, толку посилни ќе бидеме, нема враќање назад, тие што мислат дека има враќање назад, само сонуваат дека ќе одиме напред”, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Централниот штаб на ДУИ следната активност во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември ќе ја одржи во село Семениште и во Општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Култура12 часа

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа16 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија18 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет20 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија20 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија22 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ22 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија23 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Досие