Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта од земјоделците направи социјални случаи со намера да ги манипулира за избори

Објавено пред

На денешната собраниска расправа за финансирање на буџет на која се коментираше за ребалансот на буџетот расправаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ  Бојан Стојаноски на денешната собраниска комисија за финансирање на буџет рече дека лично тој смета дека вака концепираниот ребаланс на буџетот нема да ги даде одговорите на сите отворени прашања коишто ги има македонското општество, особено македонската фискална сфера.

„Рековме дека во  првите шест месеци од оваа година сме се задолжиле една милијарда, каде и дали помогна тоа, ќе цени народот, а тоа ние можеме да го видиме преку мерливите критериуми коишто излегуваат секој ден преку бројот на лица коишто се невработени и прелу начин на кој галопирачки расте сиромаштијата. Имаме зголемување на јавниот долг за 10.4% за една година, а растот на јавниот долг во времето од 2006 до 2016 година, каде што имавме две големи светски и европски должнички кризи и една државна силна политичка криза, порасна само 15.6%, односно за десет години 15.6%, а за една година 10%. СДСМ во овие години имаше 4 министри за финансии, почнувајќи од професорот кој сега е иселен и оние негови идеи за прогресивни даноци, па потоа враќање назад на некои чудни економски политики кои не беа сфатени ниту прифатени од ниту еден чинител во стопанството. Понатаму, едно време Зоран Заев ни држеше лекции како ќе се подобрела економијата и морам да признаам дека навистина ни одржа лекција. Ова е лекцијата којашто тој човек најдобро знае да ја направи, економски пропаст и амбис. Потоа ја имавме Нина Ангеловска и на крај е  министерот Бесими, којшто во првата недела од својот мандат ‘нè израдува’ со бројката дека 920 милиони евра сме во дефицит“, истакна пратеникот Стојаноски.

Пратеникот Бране Петрушевски посочи дека владата  ги доведе граѓаните во доста лоша економска состојба, живеат на работ на егзистенција. А Владата енормно се богати на грбот на народот.

„Власта ги дотера земјоделците до питачки стап. Знаете колкава мака вложуваат земјоделците во оваа држава, маката на крајот им е неисплатлива. Од година во година државата мора да интервенира со големи финансиски средства за да ги доведеме во нормална економска ситуација“, истакна Петрушевски.

Петрушевски додаде дека власта  направи од земјоделците социјални случаи. „Државата свесно го прави тоа, за да може власта да има влијание врз таа категорија граѓани. Тие ќе бидат зависни од финансиската поддршка што ќе им ја даде власта, која  подоцна ќе манипулираат со нив конкретно пред избори“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски посочи дека субвенциите на земјоделците доцнат.

„Катастрофално ни осиромашува народот. Ние имаме сериозен економски проблем во државата. И проблемот не е само предизвикан од ковид-кризата. Генерално  во државата имаме проблем со сиромаштија“, потенцира Петрушевски.

Македонија

Сончево време со температура до 18 степени

Објавено пред

Времето наутро ќе биде студено. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

В сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради снимање реклама, прекини во сообраќајот на патот Велес – Штип

Објавено пред

Поради снимање реклама, во прекини ќе биде сообраќајот на патот Велес – Штип. Како што се наведува во соопштението, од 6 до 13 часот, на регипналниот пат Р1312 (Велес – Штип), ќе се одвива снимање рекламен спот. Поради тоа, сообраќајот ќе биде во прекин во временски интервали од 5 минути.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во прекин сообраќајот преку пругата на патот Гостивар – Чајле

Објавено пред

Со почеток во 8 часот, ќе се интервенира на преминот на железничката пруга на регионалниот пат Гостивар – Чајле, при што додека се изведуваат градежните работи, сообраќајот ќе биде целосно блокиран, информираат од Општина Гостивар. Тие ги замолуваат граѓаните да користат алтернативни улици. Работите се изведуваат во соработка со ЈП „Македонски железници“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Свет49 минути

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет59 минути

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет1 час

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија13 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија14 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија15 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа15 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион17 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија17 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија19 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија19 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија20 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија22 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет1 ден

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија2 дена

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Досие