Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта стана најголемиот заштитник на криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста обвинува дека Република Македонија со СДСМ стана држава во која владее криминалот, а безбедноста никој не ја гарантира.
„Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Власта стана најголемиот заштитник на криминалот. Во центарот на Скопје малолетник беше избоден среден бел ден и едвај преживеа. Двајца од сторителите поминаа речиси без казна. Третото лице мистериозно исчезна во текот на истражната постапка. Чиј роднина или пријател е третиот не се соопштува. Важно за него не важи законот“, посочува партијата.
Според нив иако МВР соопшти, третото лицето ја признало вината, истото сепак не е опфатено во судскиот процес.
„ Властите го скриваат третиот напаѓач на прободениот малолетник исто како што го скриваат и третиот напаѓач на убиеното момче Никола Саздовски кој брутално беше до смрт претепан на автобуска постојка. Правда за овие две момчиња нема исто како што немаше ни правда за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и уште десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани во оваа измината година со СДСМ на власт. Откако СДСМ ја презеде власта граѓаните станаа жртви на концесиите на Заев кон криминалното подземје. Родителите се во страв за безбедноста на своите деца, а власта не само што не превзема ништо туку на слобода пушти над 800 криминалци кои уште повеќе ја влошија безбедноста во државата“, пишува во соопштението.
Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ смета дека додека криминалот и насилството царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија. Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и бришење на македонската култура и историја.
„Заев манипулира со македонската јавсност создавајќи еуфорија за лажна победа. Реалноста е дека Македонија не доби ниту датум за преговори со Европската Унија, ниту безусловна покана за НАТО. Додека Заев води грижа како да уништи се македонско и да го зголеми капиталот на својот картел, Република Македонија назадува. Економијата на државата тоне, корупцијата цвета, реформи нема, а институциите работат по диктат на власта. На Македонија ваква власт не и е потребна. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту овој хаос да продолжи ниту да продолжат поразите кои и се нанесуваат на државата“, велат тие.
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата ,,Силекс неметали”, Василије Авировиќ во предметот ,,Труст” на СЈО. Судија известител за предметот е Лирие Елези Арулау.
Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело, со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.
Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет” беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години, затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.
За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.
Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра кои треба да бидат вратени во државниот буџет.
Македонија
Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса Алтернатива и со лидерот на ДУИ, Мендух Тачи да се откриваат имиња на кандидати кои би биле во игра, но за него е важно што голем дел од партиите дале зелено светло на идејата да се излезе со заеднички кандидат за претседател на Северна Македонија.
,,Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не. Ние имаме четири до шест кандидати кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но не сакаме да се истрчуваме со тоа кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела”, рече Заев.
На прашањето дали за СДСМ би бил прифатлив кандидат кој не доаѓа од нивната партија, тој вели: ,,Ако некој има желба или амбиција да се кандидира, ние тоа го почитуваме и ако има и заеднички договор, зошто да не”.
Заев утре ќе се сретне со Алијанса за Албанците на Зијадин Села и со Биљал Касами од Беса и очекува поддршка од нив, иако се опозициски партии.
Македонија
Тачи: Кандидат од власта би бил прифатлив за ДПА

„За ДПА, прифатлив кандидат за претседател би бил доколку доаѓа од Владата, со цел да се нормализира состојбата во државата“, рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА, по средбата со премиерот Зоран Заев.
Тачи вели дека на маса биле неколку предлози, но дека е рано да се зборува за конкретен предлог.
„Сметаме дека е важно таа личност да продолжи по патот кој е почнат – работа на функционални институции, отворање на преговорите со ЕУ, процесот за прием во НАТО“, рече Тачи.
Претходно, Заев имаше средба и со Беса алтернатива. „Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член, е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал