Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во оваа фаза договорот е чисто правно прашање и треба да се гледа низ призма на правото, законите и Уставот

Објавено пред

Заев продолжува да ја погазува волјата на граѓаните. Иако над 1 милион и 200 илјади граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев не се откажува и со тоа директно ја крши волјата на граѓаните, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а како такво треба да се гледа низ призма на правото, законите и Уставот. Согласно со правото, договорот од Преспа е правно-политички мртов, тоа го кажа ДИК, но тоа го кажува и Уставот. Одењето спротивно е злоупотреба на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, како што порачуваат, наместо насилно да турка спроведување договор, кој е одбиен од граѓаните, треба да си даде оставка како што вети, и не само заради штетниот договор што го склучи, туку и за руинираната економија, урнисаното здравство и омаловаженото образование.

Република Македонија заслужува да тргне напред. СДСМ и Зоран Заев треба да си одат, додаваат од партијата.

Македонија

Тодор Петров: Мора да падне режимот од Муртино

Објавено пред

Мора да падне режимот од Муртино, порача Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес на денешниот протест пред Собранието против уставните измени. Тој рече дека СМК поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.

„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, амнестија за 27 април“, рече Петров.

Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.

Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Објавено пред

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба на Игор Дурловски, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април. По химната, присутните дадоа аплауз за организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

„Нема да го повториме 27 април 2017 година, нема да бидеме жртви на предавството и невини жртви кои со политички монтирани случаи лежат во затвори. Пратениците да ги прифатат нашите барања против уставни измени“, порачаа организаторите на протестот.

На протестот присутни се членови на повеќе здруженија меѓу кои „Христијанско братство“, како и на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, а меѓу говорниците е и отец Ивица.

Присутните пред Собранието извикувааат: „Оставка“ и со ласер на зградата на Собранието испишуваа: „Оставка“ и „Предавство“.

Тие бараат „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Патиштата низ Македонија завеани со снег

Објавено пред

Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. Од АМСМ информираат дека на повисоките места е воведена забрана за камиони. Од 18:10 часот, пак, патниот правец Берово-Виница е во прекин за сите возила.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.

Поради интензивни врнежи од снег во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, а во 16.50 часот е воведена забрана за камиони и на планинскиот превој Стража.

Патниот правец Дреново – Прилеп и патниот правец Делчево према граничен премин се во прекин за камиони.

Сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Европа2 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести3 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија4 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет6 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија7 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски9 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет9 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион9 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет10 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Досие