Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во 2020 не смеат да се повторат грешките од минатата година

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека во 2020 не смеат да се повторат грешките од минатата.

„Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда на чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите и срамот што Заев им го испорача на граѓаните во 2019 година. Во 2020 не смее да се повторат криминалот и корупцијата, расипништвото и неработата на оваа банда која за три години ја клекна на колена Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оние 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, додава опозицијата, и беа заборавени од власта ќе го испратат Заев во политичка пензија. Сите оние кои овие 3 години беа ограбувани, угнетувани и понижувани од оваа власт ќе кажат доста е, бидејќи сакаат подобра иднина за нивната земја.

„Доаѓа времето за обнова на Македонија, време на суштински реформи и успешна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како нашата држава да ја стави на брзата трака за членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ  може и знае како нашата држава да ја доближи до европскиот стандард и западните традиционални вредности.

Граѓаните на 12 април ќе изберат мерит систем наместо непотизмот. Ќе изберат успех на државата наместо порази на секој чекор. Ќе изберат силна економија и дигитално општество кое ќе го замени расипништвото кое го донесе Заев. Доаѓа време на обнова на Република Македонија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски го повика Заев на тв дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на тв дуел. Тој вели дека добил покана од две телевизии да гостува на тв дуел со Заев и дека се надева дека претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.

„Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

„Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши“ додава Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштен е билетот за едно возење во ЈСП

Објавено пред

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

Билетот чини 50 денари, хартиен е со вграден безконтактен чип, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот кој се плаќа со мобилен телефон е 40 денари…

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Отворени шест Роса-школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и во Охрид

Објавено пред

Во текот на 2018 и 2019 година се отворија шест Роса-школи за родителство во јавно-здравствените установи во целата држава, соопшти Министерството за здравство.

„Министерството за здравство во соработка со ‘Пивара Скопје’, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса-школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и во Охрид. Кон крајот на 2019 година потпишавме и меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи во земјата. Со ова заеднички одговараме на важните прашања поврзани со родителството“, изјави министерот Филипче.

Тој додаде дека школите функционираат одлично и дека идните родители имаат можност да посетуваат бесплатни обуки со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството.

Стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра ги едуцира идните родители во групни здравствено-образовни работилници, организирани во 5 тематски целини за текот на бременоста, нега на трудниците, но и за подготовките за породувањето, негата и исхрана на новороденчето.

Проектот „Роса-школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување простории во здравствените институции наменети за Роса-школите за родителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Мицкоски го повика Заев на тв дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на тв дуел. Тој вели дека добил покана...

Македонија32 минути

Пуштен е билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет2 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ3 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет3 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет3 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет5 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија16 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија18 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија19 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија20 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија20 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија21 час

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија22 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија22 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија23 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија23 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија1 ден

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ1 ден

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Досие