Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Генчовска ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист и нема никакви суштински промени

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, со изјавата за бугарската агенција „Бгнес“ дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи, соопшти „Бгнес“.
„Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност, според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ, се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани зборови, без суштински промени. Згора на тоа, Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот што Ковачевски го крие. Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот.
Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи, како што пишува, тој значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?
Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог што веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот. Да беше толку добар предлогот, да имаше промени што се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш ќе го објавеше во јавноста“, се додава во соопштението.
Како што додаваат од опозициската партија, Ковачевски, Османи и Маричиќ со своето досегашно дејствување трајно ги загрозиле преговарачките позиции на Македонија и ја носат државата кон подредена ситуација. Граѓаните, експертската јавност и интелектуалната фела рекоа дека францускиот предлог е неприфатлив за државата и директно задира во националните и државните интереси на македонскиот народ. Ковачевски и Османи да си поднесат оставка, веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Време е за промени и предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
35-годишен маж почина во пожарот во зградата во Хром

35-годишен скопјанец е пронајден починат во пожар, што избувна утрово во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје, велат од МВР за Макфакс.
„На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош“ соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Од недела пороен дожд, грмежи и локално невреме, се препорачува поголема внимателност

Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.
Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне неколку степени.
Во Скопската Котлина в недела попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
Два „ер трактора“ и еден хеликоптер гаснат пожар во општина Брвеница, гори борова шума

Центарот за управување со кризи извести дека денеска, околу 11 часот, избувнал пожар во атарот на село Милетино, општина Брвеница.
„Пред малку пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа два ‘ер трактора’ на ДЗС и еден хеликоптер на МВР, кои ќе им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Тетово во гаснењето на овој пожар“, велат од ЦУК.