Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Објавено пред

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги казните за 27-ми април, каде вкупната затворска казна за 16 лица изнесува 211 години.

„Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици добија само 6 години затвор. Неправдите, лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреа до секој еден граѓанин“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Понатаму опозицијата коментира дека наспроти ветувањата, нема подобар стандард, бизнис клима,повисоки плати и пензии, а во здравство се случуваат епидемии, умираат луѓе и се носат црни тендери.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека младите се иселуваат, а неправдите, криминалот и сиромаштијата станале секојдневие.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Објавено пред

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од времснките услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат повеќе од 400 новинари, од кои 200 странски и 200 домашни, информираа денеска од Министерството за надворешни работи, од каде на заедничка прес-конференција со премиерот Заев и бискупот Киро Стојановски порачаа дека има огромен интерес за посетата. Очекувањата се дека на плоштадот ќе присусутвуваат повеќе од15 илјади граѓани, а ќе бидат обезбедени околу две илјади места за седење, како и пунктови за вода. Мисата ќе се одржува на италијански јазик, а ќе има и дел на хрватски како и на македонски јазик. Венриците кои ќе сакаат да присусутвуваат на плоштадот ќе треба да пристигнат најдоцна до 9 часот поради безбеднсони причини, а мисата ќе започне во 11 .30 минути.

Папата со специјален лет пристигнува на скопскиот аеродром во 8 часот и 15 минути каде ќе биде пречекан со највисоки државни почести од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

„Можам да потврдам доколку временските услови дозволат предвидено е користење на специајлното голф возило или популарно наречено папа мобил“, изјави државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Според агендата, папата, во 9 часот ќе биде пречекан во Вила Водно кадеќе има обраќање и одвоени средби со Заев и Иванов и нивните семејства.

„Доаѓа во важен момент за нашата земја, кога демонстриравме подавање рака, пријателство, вредности кои допираат до вредностите на светите пораки. Оваа благопријатна посета е чест и од мене е сфатена како охрабрување да бидеме подобри луѓе да не охрабри дека доаѓаат подобри времиња…“ порача Заев за посетата на папата.

Попладне во католичката црква „ Пресвето срце исусуово “ папата ќе се сретне со свештениците , како и со грашани од ранливите категории а предводена е и средба со претставниците на верските заедници.

Папата Франциск доаѓа во време кога се одбележуваат 25 години дипломатски односи со Ватикан. Ова според бискупот Киро Стојановски е првата причина за посетата, додека втората причина е тоа што овде има мала, но сепак жива заедница на католички верници, па, како што нагласи бискупот, пастирот доаѓа да го посети своето стадо. Третата причина за посетата е Скопје, родниот град на Мајка Тереза.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради предистрагата за Бучковски во СЈО, неизвесно е дали ќе сведочи во „Маѓар телеком“

Објавено пред

На денешното судско рочиште за случајот „Маѓар телеком“ на СЈО, адвокатите на одбраната уште еднаш побараа експремиерот Владо Бучковски да сведочи во постапката. Обвинителката Лиле Стефанова рече дека ѝ треба време да се произнесе за овој предлог.

„За да се произнесам по овој предлог, потребно е СЈО да преземе други дејства зашто Бучковски се јавува како осомничено лице во друга предистражна постапка, која е тесно поврзана со овој предлог“, рече Стефанова. Бучковски можеби ќе стане обвинет, па затоа не може да се појави и како сведок. На наредното рочиште, кое е закажано за 8 мај, треба да сведочи професорот Борче Давитковски, а Слободан Богоевски е предвидено да сведочи на 24 јуни.

Јавното обвинителство со години истражуваше дали ексфункционерите Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери зеле мито во аферата „Маѓар телеком“.

Унгарецот Атила Сендреи и членовите на тогашниот одбор на директори во „Македонски телеком“, Германецот Ролф Плат и Унгарецот Золтан Кишјакус, се обвинети дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“. На тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ со речиси 4 милиони евра, а буџетот на државата со 2 милиона евра бидејќи владата во тој период поседуваше 47 отсто од акциите во компанијата.

Во предметот беше обвинет и Гркот Михаил Кефалoјанис, но обвинителот Марко Зврлевски за него ја отфрлил пријавата. Според обвинението, на сметка на фирмата во Кипар биле префрлани пари без одлука на одборот на директори, а налозите ги потпишувале Сендреи, Плат и Кишјакус. Првото судење се одржа на 26 октомври 2011 година. Судот распиша меѓународна потерница во 2008 година за Атила Сендреи, Ролф Плат и за Золтан Кишјакус.

Тројца ексдиректори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи, во паралелна постапка што се водеше пред унгарските власти за истиот случај беа обвинети дека во 2005 и во 2006 година на македонски функционери им исплатиле мито од приближно 4,8 милиони евра за да ја одложат либерализацијата на телекомуницискиот пазар. Ексдиректорите ги исплаќале парите како консултански и маркетинг-услуги.

Штрауб и Балог во април 2017 година се спогодија со окружниот суд во Њујорк и платија глоби, а пет години им е забрането да вршат дејност во акционерските друштва. Штрауб плати 250 илјади долари, а Балог 150 илјади долари. Третобвинетиот во случајот, Тамаш Морваи, се спогоди и плати глоба од 60 илјади долари за фалсификување на книгите на компанијата поврзани со поткупот.

Аферата доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред окружниот суд во Њујорк, кое беше објавено јавно и првпат во јавноста беа посочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери, кои го тужеа Богоески за клевета и навреда, го добија случајот двапати на суд, но Апелациониот суд повторно ја укина пресудата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Објавено пред

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите.

На денешната седница на комисијата беше соопштено дека првиот случај се однесува на унапредувањето на Васко Ѓурчиновски во чин генерал-потполковник – генерал-мајрор. Според антикорупциската, претседателскиот указ бил донесен на 25 февруари 2019 година, при што при унапредувањето на овој старешина во повисок чин не било постапено според одредбите од Законот за служба во Армијата.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за унапредување и дава предлог до претседателот на Републиката, што во случајот, како што е наведено во одговорот на Министерството за одбрана, не е доставен“, се наведува во предметот на антикорупциската.

Од таму додаваат и дека указот за унапредување е донесен по денот на распишување на изборите, 8 февруари 2019 година, период во кој според закон не може да се преземаат вакви дејства.

Исто така, на 25 февруари годинава претседателот со укази ги поставил Орце Јордев, Драган Ковачки и Бесник Емини на позиции во АРМ.

„Во сите три случаи се работи за поставување на старешнините на формациски места генерали по основ на кои, сметано од денот на донесувањето на указите од претседателот на Републиката и нивното извршување, на споменатите старешини ќе им се исплатува зголемена плата – повисока од редовните месечни плати што ги примале пред донесувањето и извршувањето на указите, дејство што е забрането во изборен период“, велат од антикорупциската комисија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од времснките услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија30 минути

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 20191 час

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија1 час

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ2 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија4 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија4 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија5 часа

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија6 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет6 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија20 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет1 ден

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 ден

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 ден

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Досие