Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Објавено пред

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа.

Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат. Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата, е работа на членството на СДС, но никој друг, според ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Времето во наредните денови

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Објавено пред

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.

Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Објавено пред

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори

Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран. „Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно...

Спорт6 минути

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс. Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а...

Свет7 минути

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава13 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт20 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет26 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет37 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет44 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет49 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...