Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За криминалот во здравствениот систем сведочи и кривичната против Дончев, Филипче и Кичеец

Објавено пред

СДСМ сè што вети за подобрување на здравствениот систем излажа. Владата на СДСМ единствено успеа за три години да го урниса здравствениот систем, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо реформи, успеа само да воведе хаос во здравството, низа скандали и потпишување матни и криминални тендери. Дека во здравствениот систем царува криминал, сведочи и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, кои се товарат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија со цел да рекетираат.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваков здравствен систем. Граѓаните заслужуваат модерно и, пред сè, ефикасно здравство. Поради неспособноста да обезбедат ефикасно здравство, граѓаните ќе ги казнат на предвремени парламентарни избори и ќе почне обнова на Македонија“. велат од опозициската партија.

Македонија

Макрон најави дека ќе ги посети Заев и Рама

Објавено пред

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел најави дека наскоро ќе ги посети Северна Македонија и Албанија.

,,Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла“, додаде тој.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата. Тој исто така призна дека бил против зелено светло за Северна Македонија, а црвено за Албанија, со обрзложение дека тоа би предизвикало насилство не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Објавено пред

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да испорача датум за преговори со осомничен вицепремиер за евроинтеграции каков што е Бујар Османи. „Човекот кој ги води евроинтеграциите е осомничен во истрагата „Пациент“, рече Села.

Лидерот на партијата кажа дека ќе присуствува на лидерската средба која што ќе се одржи в недела со претседателот на државата, Стево Пендаровски. „ЕУ  бара конкретни реформи“, дополни претседателот на Алијансата за Албанците.

Села кажа дека ниту еден функционер на ДУИ не одговорал за корупција и криминал, а биле на власт 18 години. Разочарувањето за недоделувањето датум за преговори, како што рече, е големо не само кај Албанците, туку и кај сите граѓани.

„СДСМ почна пријателите и другарите кои Сашо Мијалков ги имаше кај Албанците, да се спријателува со нив, а тие немаат поддршка кај Албанците“, рече Села. На прашањето дали има политички пандан на Али Ахмети во политичка тежина, Села рече: „Не дај Боже да биде некој пандан на Али Ахмети“.


За инспекцијата на двојазичните табли на вицепремиерот Османи, Села одговори дека станува збор за театар: „Бујар Османи е добар актер, филмаџија. Тој е дел од власта. Тоа можел да го направи со комуникација, преку допис, а не мора на телефон“.

Села во интервјуто рече дека на следните избори ќе ги поразат ДУИ и дека според нивните анкети се во водство пред водечката партија од албанскиот политички кампус. Би коалицирале со сите партии, освен со Али Ахмети.

Села одговри и на други прашања, како што се понудата на неговата партија за граѓаните кои не се Албанци, за коалицирањето со БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ, за промената на изборниот модел…

Прикажи повеќе...

Македонија

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Објавено пред

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите на граѓаните и на државата, соопшти попладнево Владата.

Како што се наведува, премиерот Заев во текот на денот спроведува интензивни консултации на различни нивоа, имајќи ги предвид заклучоците донесени на Европскиот совет со кои се одложува носењето одлука за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската Унија. Низ текот на консултациите, одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом бидат донесени какви било конечни одлуки, истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста.

„Во текот на денешниот ден премиерот Заев оствари комуникација и со првите луѓе на владите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и со други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан.Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка, за Северна Македонија и граѓаните да продолжат по патот на реформите и интеграциите.

Европските лидери оддадоа јасно признание и потврда за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и потенцираа дека земјата и граѓаните беа целосно подготвени за почеток на преговорите, но дека неколку земји на ЕУ не биле подготвени за тоа“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура7 минути

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија19 минути

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија47 минути

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија2 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа3 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија3 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија4 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија4 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија5 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа7 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ8 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет9 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет9 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа10 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет22 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион24 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија1 ден

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет1 ден

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Досие