Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ и Беса бараат нов оглас за граѓански надзор на прислушувањето
ВМРО-ДПМНЕ и Беса на Биљал Касами бараат целосно нов оглас за избор на членови на Граѓанскиот совет за надзор на ОТА , која ќе го спроведува следењето на комуникациите. Од опозициските партии сметаат дека поради малиот интерес на пријавени на претходниот оглас, треба да се поништи тој и да се распише нов за избор на сите седум членови. Се противат на предлогот на владејачкото мнозинство да има парцијален оглас само за дел од членовите.
„Подобро е целосно да се повтори огласот за сите кандидати бидејќи со парцијално решение нема да дадеме кредибилитет за овој совет“, рече Фадил Зендели денешната седница на Комисијата за избори и именувања.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го спорат и кредибилитетот на пријавените кандидати.
„Да распишеме нов оглас од утре, да се пријават кандидати кои граѓаните нема да ги препознаваат по политичка боја туку по кредибилитетот“, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, СДСМ и ДУИ предлагаат да се објави парцијален оглас, односно да се изберат 3-4 членови за да почне да функционира телото, а потоа да се избираат и другите членови. За ДУИ доволен аргумент е што немало пријавено Албанци, па предлагаат нов оглас да има само за етничките заедници.
„Од албанската заедница да повикаме експерти заинтересирани да се пријават на наредниот оглас, 4 членови да избереме сега, а нов оглас да има за 3 членови од кои двајца ќе бидат Албанци“, побара Ејуп Алими.
Аргументите на пратеничката Ивана Туфегџиќ, пак, беа дека се влегува во предизборен период и дека треба да почне да функционира надзорот над ОТА што поскоро.
И власта и опозицијата се согласија дека слабиот интерес е поради недоволно рекламирање, но и недостатоци на законските решенија каде не прецизирале дали ќе има надомест за членовите.
На огласот се пријавени 8 лица и тоа Гордан Калајџиев, Маргарита Цаца Николовска, Ице Илиевски, Катерина Крстевска, Сашко Јанев, Филип Стојановски, Александар Николов и Жаклина Пауновска. Од нив седум треба да бидат избрани за членови на Граѓанскиот совет за надзор на ОТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.