Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кого го штити Заев за случајот „Монструм“?

Објавено пред

„Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт на големиот празник Великчетврток.Виновниците не смее да останат неказнети. Сторителите мора да завршат во затвор. Зоран Заев ветуваше дека ја знае вистината за случајот. Вистината не смее да потклекне пред платформата потпишана во Тирана. Само монструм би можел да штити монструми кои масакрираа млади момчиња“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Заев пред да седне во премиерската фотелја многупати се фалеше со доказите кои ги има за случајот „Монструм“. На семејствата на убиените им прикажуваше разговори и СМС-пораки во кои обвинетите комуницираат со високи функционери на ДУИ. Од друга страна, на семејствата на обвинетите им велеше дека тие биле невини.

„Како тогаш Зоран Заев ја знаеше вистината, а сега не ја знае? Што се смени? Дали новата владина коалиција е причина за премолчување на деталите? Кого сега Зоран Заев штити? Најважно од сè, кој е одговорен за масакрот и зошто убијците не се во затвор? Фотелјата на Заев не е поважна од правдата, како што ниту неговата коалиција е поважна од прерано згаснатите животи и разрешницата што ја заслужуваат семејствата на убиените“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Зоран Заев стана премиер тој заборави на „вистината“ и „правдата“, пароли кои го донесоа на власт. „Единствено нешто кое сега му е важно е да остане на власт. Додека СДСМ и Заев раководат со државата, правда нема да има. Заробена држава не може да биде правна држава. Држава во која Заев е и судија и обвинител не може да има правда. Во нормална држава обвинителството по допрен глас ќе го принудеше да сведочи пред судот и да ги сподели сите докази кои тој ги има за случајот ‘Монструм’. Доколку Македонија беше нормална држава, во затворите немаше да се наоѓаат политички затвореници.Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, кога Зоран Заев ќе замине од премиерската функција, а во тие моменти сите оние кои постапувале спротивно на законот и Уставот ќе бидат првите сведоци на нејзиното враќање“, се додава во соопштението.

Македонија

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Објавено пред

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби на АКМИС-системот, потврдија од судот во Велес за „Макфакс“.

Панчевски првпат се појави на судењето во велешкиот суд пред две недели. Инаку, на судењето на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, тој сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Панчевски е осуден за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Објавено пред

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна комисија, при вонредната супервизија поради хакирањето на веб-страницата на ДИК на денот на одржување на изборите, 15 јули.

АЗЛП утврдила дека ДИК не применила соодветни технички и организациски мерки во однос на заштитата на веб-страниците и информатичката инфраструктура за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

Исто така, ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на „Дуна“ ДОО Скопје пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува безбедност на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

Во извештајот на Агенцијата, исто така, се наведува дека ДИК при ангажирање на „Дуна“ ДОО Скопје како обработувач, постапила спротивно на прописите за заштита на личните податоци.

„ДИК при користење нови технологии за некој вид обработка (во конкретниот случај софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје), не извршила проценка на влијанието на предвидените операции на обработката во однос на заштитата на личните податоци. ДИК поставува документи со лични податоци на Google Drive и истите ги објавува на своите веб-страници, со што врши пренос на личните податоци. Воедно, ДИК ги користи услугите на CloudFlare, чија главна инфраструктура е лоцирана надвор од територијата на Република Северна Македонија. Оттука, ДИК постапила спротивно од општото правило за пренос на личните податоци“, се наведува во извештајот.

Исто така, АЗЛП утврдила дека ДИК (како контролор) и „Дуна“ ДОО Скопје (како обработувач) не ја исполниле обврската за известување за нарушување на безбедноста на обработката на личните податоци до АЗЛП.

ДИК не ги документирала нарушувањата на безбедноста на личните податоци и немала воспоставено внатрешен процес на евидентирање на нарушувањата на безбедноста на личните податоци, а не ја исполнила ниту обврската за определување на офицер за заштита на личните податоци и не определила администратор на информацискиот систем.

„За извршената вонредна супервизија АЗЛП донесе решение со мерки за отстранување на утврдените повреди и рокови во кои ДИК треба да постапи и да го усогласи своето работење со прописите за заштита на личните податоци“, соопшти Агенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Невреме во Скопје со пороен дожд и град

Објавено пред

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати попладнево Скопје. Улиците побелеа од градот што паѓаше, а беше со големина на орев.

Според најавите на метеоролозите и утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи во делови од земјата.

„Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, елатектрични празнења и изолирана појава на град“, информира УХМР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет5 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Свет6 часа

(Видео) Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето...

Македонија8 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ9 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија10 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија10 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија11 час

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија11 час

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија11 час

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија12 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија12 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет14 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион14 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ15 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет16 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет17 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа17 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија1 ден

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Досие