Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата

Објавено пред

Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата. Македонија доби влада која зад себе до сега остави ечиси 3 милијарди евра нов долг, пропадната банка, најголемата рекетарска афера во модерна Европа, 40.000 нови невработени и на сето тоа уште еднаш доби аболиран премиер, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните и сака да потроши уште толку. На Заев не му е грижа за народот, на Заев му е грижа за профитот.

„Илјадници секојдневно се соочуваат со немаштија, додека владата ги троши нивните пари на тендери, кои се напумпани и преку кои фамилијата на власт го празни буџетот. Додека државата е во криза, струмичка агенција за обезбедување испумпува пари преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, а други струмички фирми блиски до Заеви извлекоа 20 милиони евра од пропадната банка ‘Еуростандард’, кои го причинија нејзиниот пад и заглавија илјадници граѓани во сред пандемија по шалтери и без пари.

Македонија доби профитерска влада, со топ-шоп премиер, кој единствено се грижи за својот личен профит. Македонија со Заев се вивна на листата на земји со висока стапка корупција на сите светски мерења како на ‘Економист’ и ‘Транспаренси’. А во исто време падна на листата на дуинг бизнис, затоа што наместо помош за бизнисот, Заев се пушти во негово уништување, преку рекетот кој подолг период се одвивал во државата, од кој парите, како што рече лицето кое ја носеше торбата со изрекетираните милиони, завршиле кај него лично. Премиер и Влада кои нè доведоа до ова дереџе како држава не можат да нè извлечат од хаосот, криминалот и корупцијата, затоа што тие се причината“, се додава во соопштението.

Македонија

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Објавено пред

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од Кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од Кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година.

„ Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако Кривичниот суд му одреди три години затворска казна.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пред општина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски кој за споредба пушташе снимки од „Шарена револуција“

Објавено пред

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“, завршни зборови даде Александар Трајковски кој е обвинет дека е директен извршител во предметот.

Неговиот адвокат, Јовица Страшевски го убедуваше судот дека Трајковски не е виновен, презентирајќи видео снимки од протестите на „Шарената револуција” и кршењето на канцеларијата од експретседателот Ѓорѓе Иванов. Страшевски потенцираше дека за протести со потешки дела, со смртни закани и тепање на полицијата, немало никаква одговорност.

„За разлика од другите протести, пред Општина Центар на протестот немаше ништо спектакуларно и насилно. Од обвинителката не слушнав и не видов насилство, туку дека се тропало и пцуело”, рече адвокатот на Трајковски.

Судот ги одложи завршните зборови за Миле Јанакиески во предметот „Насилство во Центар”, откако Обвинителството го измени обвинението и ослободи Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски. Судијата Душко Јосифовски не дозволи судењето да се врати во доказна постапка, а обвинетите да достават дополнителни докази со кои ќе докажат дека не го сториле делото. Јанакиески и неговиот бранител, завршните зборови ќе треба да ги дадат за четири дена.

„Сметам дека денес добивме поднесок кој не е законит. Вие продолживте да постапуватњ по тој поднесок. Правото да се повлече за одредени обвинети е вистински чекор. Се работи за поднесок кој гласи ‘Поднесок за технички измени и прецизирање на обвинителен акт’. Треба да ја видите фазата на постапката кога се прават овие измени. Јас не барам одложување од причини да се спремам. Јас барам одлагање бидејќи законот ви налага да ни овозможите да се браниме, бидејќи има измена на дејствија. Тие имаат право да изнесат и докази”, рече адвокатот Дончо Наков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски ги прими учениците кои на 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада освоија олимписко злато, сребро и две бронзи

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците – натпреварувачи на 24. Јуниорска балканска олимпијада по математика кои освоија златна, сребрена и две бронзени медали.

Тој им честита на учениците за овој извонреден успех, нагласувајќи дека целата македонска јавност со голема радост ја прими оваа вест, која кај сите предизвика чувство на гордост и на среќа.

„ Уживајте во овие моменти и радувајте се. Да се биде победник во олимпијада е голема работа и сите не направивте горди. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации – Ви благодариме“, рече Претседателот.

Тој додаде дека нивниот успех покажал дека нема нерешливи задачи, кога кон нив се пристапува тимски и одговорно.

„ Вашите медали што гордо и денеска ги носите на градите упатуваат порака до сите млади во нашата држава дека со посветена и напорна работа, со вложен труд секогаш резултатите доаѓаат“, нагласи претседателот Пендаровски.

Претседателот им порача на учениците дека очекува да продолжат по истата патека, дека секогаш со мотивираност, желба и дисциплина можат да се совладаат и најголемите предизвици.

Учениците ги раскажаа своите импресии од одржаната олимпијада, како и периодот на нивните подготовки, кои во услови на пандемијата на КОВИД-19, минаа во специфични околности.

„Тоа не го намали нашиот ентузијазам и желба за успех. Напротив, тоа не мотивираше дополнително и со поголем елан да работиме и да покажеме дека и во нашата земја се негува љубовта кон математиката“, рекоа учениците на средбата.

Тие изразија благодарност за приемот во претседателскиот Кабинет и ветија уште поголеми успеси во иднина.

Во периодот од 9 до 13 септември 2020 година во Грција виртуелно се одржа 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада на која нашата екипа, сместена во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се натпреваруваше преку видео-конференциска врска.

Екипата ја сочинуваа: Никола Спировски – добитник на златен медал, Дамјан Давков – добитник на сребрен медал, Никола Цветаноски – добитник на бронзен медал, Марија Атанасова – добитничка на бронзен медал, Матеј Гелев, Емилија Николовска, а водач беше Делчо Лешковски и заменик водач Борче Јошевски.

Годинава, на 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада учествуваа 10 балкански држави и 8 држави – гости, а ги опфаќа сите ученици од основното образование и од средното образование кои до денот на одржувањето не навршиле петнаесет и пол години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од...

Македонија12 минути

Пред општина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски кој за споредба пушташе снимки од „Шарена револуција“

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“, завршни зборови даде Александар Трајковски кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија1 час

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура2 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион3 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија5 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија6 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа6 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет6 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет16 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет18 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет20 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија20 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие