Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува договорот со Грција, бара задолжителен референдум

Објавено пред

Потребно е разјаснување на целата ситуација за надлежностите на институцијата за водење на процесот, односно која институција е надлежна да случува меѓународни договори од ваков тип -Владата или преседателот на државата. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се познати, непроменети и прецизни. Нема да  отстапиме од своите приницпи и уверувања. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Доколу Заев се обидува шверцерски капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура, мора да знае дека референдум мора да има и тој треба да биде задолжителен, а не консултативен, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција по обелоденувањето на договорот со Грција.

Ток обвини дека преговорите се водеа во тајност. „ВМРО-ДПМНЕ не беа вклучени и сега е јасно зошто. Заев го монополизираше процесот. Единствено што се случи е што имав телефонски разговор со него. Ова е прифаќање на Грција ова е т.н договор. Ако овој договор е прифаќање на промена на Уставот, ова е договор за капитуалција. Лош исход е поради неспособност и невешта дипломатија. Заев покажа нестабилност и недостоинственост. Беше протов промена на устав, па сега не убедува дека тоа го потврдува идентитетот.  Излажа и денес. Ова е на штета на Република Македонија, рече Мицкоски.

На новинарско прашање тој одговори дека ќе гласа против на референдумот.

„Ајде да одиме на избори од утре да ги направиме условите кои ги имаше СДСМ во 2016 година и да спроведеме предвремени избори со претседателските“, повика тој.

Македонија

Милевски: Обезбеден повеќенаменски простор во Могила, ги приближуваме руралните средини кон градските

Објавено пред

Целосна реконструкција на објект во село Ивањевци општина Могила на повеќенаменски простор поддржана од Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Вкупниот буџет за овој проект за развој на Пелагонискиот плански регион е 5.490.279 денари од кои 1.860.000 денари се обезбедени со кофинансирање од страна на Општина Могила.

– Реконструкцијата опфати и изградба на повеќенаменски простор кој ќе служи за обезбедување на услуги од административно социјален карактер на жителите од овој дел од регионот со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и намалување на разликите помеѓу поразвиените и помалку развиените средини преку овозможување на социјални услуги од регионално значење, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Министерот објасни дека дел од објектот ќе служи за обезбедување на услуги за жителите од матичното одделение во Битола, овој простор се користел за оваа иста намена до пред 4 години како подрачно одделение на службите од Битола, меѓутоа поради немање на елементарни услови овие услуги во последните години жителите на овие населени места не можат да ги остварат во село Ивањевци и мораат да патуваат до Битола, што дополнително им го отежнува добивањето на овие услуги и им одзема повеќе време.

– Во рамките на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој ќе згрижува деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото. Останатиот дел од просторот се планира да се искористи како канцеларија за Агро Акцелератор кој земајќи во предвид дека поголем дел од населението што гравитира на оваа територија се занимава со земјоделие, ќе ги опслужува заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства не само од општина Могила туку и од соседните општини, изјави градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.

Овој проект овозможува доближување на услугите од Управата за водење на матични книги во Битола со подрачно одделение во Ивањевци непосредно до жителите на општините Могила, Новаци и Демир Хисар и намалување на диспаритетот помеѓу урбаните и руралните средини во остварување на правата на граѓаните.

– Ги следиме барањата и потребите на општините и во координација со градоначалниците и Министерство за локална самоуправа работиме на подобрување на животниот стандард во Пелагонискиот регион. Ова е само еден од проектите кои што Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион ги имплементира во Програмата за регионален развој за 2019, вкупно беа 8 регионални проекти во износ од 40 милиони денари. За 2020 година одобрени се 4 регионални проекти во кои се вклучени сите 9 општини од овој регион, износот на сите проекти изнесува околу 38 милиони денари, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Објавено пред

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави видео од прелетот кој беше организиран како поздрав за нашето членство во НАТО.

Авионите над нашата земја летаа на височина од 1.500 метри.

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Објавено пред

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на ЕУ, но не и од земјите со најголема епидемија на коронавирусот, рече денеска главниот инспектор за здравство Ангел Кунчев.

Карантинот ќе остане задолжителна за патниците од Шведска, Белгија, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија и Малта, како и од Велика Британија, која е во транзициски период по напуштањето на ЕУ.

Кунчев рече дека работната група за сузбивање на вирусот и предложила на Владата да го укине карантинот од 1 јуни. Овој план треба да добие потврда од министерот за здравство.

„Планираме да го укинеме задолжителниот карантин за Бугарите кои се враќаат од странство и за патниците од Северна Македонија и Србија, како и за земјите на ЕУ. А ќе ги задржиме за осумте земји на ЕУ кои имаат најмногу регистрирани случаи во претходните две недели“, рече Кунчев.

Со укинување на карантинот и отворање на границите, властите се обидуваат да ја поттикнат трговијата и летната туристичка сезона во одморалиштата на брегот на Црното Море.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија22 минути

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет60 минути

Во Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред во Нов Зеланд не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека...

Свет3 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион4 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет4 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа4 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет4 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија4 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија18 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион18 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ20 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија20 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија21 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија22 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија23 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија24 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија24 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија1 ден

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија1 ден

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Досие