Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата се обединува, СДСМ се раситнува

Објавено пред

Опозицијата се обединува, а СДСМ се раситнува и ја очекува тежок дебакл, наведува ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот договор за соработка со Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Потребата од соработка е дотолку посилна поради лошиот правец во кој оди државата со СДСМ – ДУИ. Поразителните податоци на индексот на корупција во извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, лошите оценки и константи негативни рангирања на Економист, Херитиџ и други реномирани светски организации и медиуми се аларм дека се потребни промени“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека на СДСМ им пропаѓа коалицијата. Наведува дека се’ повеќе партии одат посебно, а сe’ повеќе луѓе од СДСМ истапуваат независно.

„Во СДСМ има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл. Сите прогресивни сили кои сакаат Заев и оваа лоша реалност да се смени треба да се обединат. Имаме јасна цел за јакнење на фискалниот капацитет на општините и градот Скопје, а потоа и зголемување на процентот на персоналниот данок на доход, како и на процентот кој од данокот на додадена вредност се префрла кон општините. Ќе спроведеме рамномерен регионален развој и ќе ја промениме во целост негативната реалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Македонија

(Видео) Арсовски: Три нови докази дека тендерот во „ЈП Водовод“ бил наместен

Објавено пред

Целокупната јавност и скопјани вчера имаа можност да видат како е наместен тендер во јавното претпријатие Водовод, во вредност од 300.000 евра, каде што фирмите КБК Инженеринг и Кодинг 2, во јули 2020-та година започнале реконструкција на водоводна мрежа на ул. „Варшавска“, во август ја завршиле, а целиот тој период фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2 работеле без договор, односно без да има најповолен понудувач, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Вчера јавното претпријатие Водовод и директорот Весковски признаа кривично дело, со тоа што во документите што ги пратија самите за избор на најповолен понудувач се гледа дека изборот е вршен на 01.10.2020 година. Целата реконструкција на водоводната мрежа е завршена месец ипол претходно. Фирмата КБК Инженеринг најверојатно во непосреден договор со ЈП Водовод и градските власти договориле да отпочнат и да сработат, што само по себе е кривично дело, да се заврши реконструкција на водоводна мрежа, а дури потоа да има избор на најповолен понудувач и баш тоа да е фирмата која што ја завршила работата претходно“, додаде Арсовски.

Денеска како што рече ќе изнесе нови докази дека е работено без договор за најповолен понудувач.

„На ден 24-ти јули 2020 година јавното претпријатие бара надзор над изградба конкретно за реконструкција на постоечки водовод од ул. „Варшавска“. На барањето за надзор јасно пишува дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје. Поголем доказ од ова дека си избрале во јули месец самите меѓу себе која фирма ќе работи, нема и не може да има. На 24-ти јули во писмен официјален документ на јавното претпријатие пратен до друга институција кажуваат која фирма ќе работи, односно веќе работи, без да има избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми кои што го добиле тендерот односно ја потпишале рамковната спогодба во април 2020-та година“, објасни Арсовски.

Доказ број 2, како што рече, е евидентниот лист за хлорирање од 24-ти јули, кој го потпишал раководителот на секторот за технички работи и развој на ЈП Водовод, каде што пишува дека мрежата може да се хлорира. Се хлорира секоја мрежа веднаш после одредена реконструкција на истата водоводна мрежа.

Доказ број 3, според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, е извештајот од тестирање квалитет, односно дезинфекција на мрежа, од 29-ти септември, каде што се врши испитување дека водата е питка и може да се пие, што повторно потврдува дека реконструкцијата е завршена пред да биде изборот за најповолен понудувач.

„Ова е на 29-ти септември, а изборот за најповолен понудувач се случил електронски на први октомври 2020-тата година. Како е можно баш фирмата КБК и Кодинг 2 да имаат најниска цена на први октомври, откако е завршена целата работа, а другите четири фирми да немаат забелешки и жалби по основ на самиот тендер? Очигледно е дека на двоецот на Шилегов – Весковски заедно со КБК Инженеринг и Кодинг 2 им било претходно договорено фирмата да изработи за потоа да го добие тендерот кој што јасно се гледа согласно вчерашната прес конференција, согласно денешните три докази кои што ги покажавме дека тендерот за избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми од рамковната спогодба е наместен“, посочи Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре пад на температурите за 10 степени

Објавено пред

Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо, информира УХМР.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, а од четврток и утринските ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени.

Од петок ќе има пораст на дневните температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на средба со експерти од Естонија: Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД во земјава, со што официјално се означи почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, а кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, соопштија од Министерството за надворешни работи.

На средбата беа реафирмирани целите на проектот и беа прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласи важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодари за партнерството и поддршката со кои се унапредува принципот на добро управување.

„Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобрат квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето услуги за граѓаните, ќе се осигури континуитетот и непречена работа на институциите, но воедно е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Северна Македонија“, истакна Димитров.

Овој проект претставува прва трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Естонија и Соединетите Американски Држави, насочено кон поддршка на процесот на приближување кон европските стандарди и напредок во европската интеграција.

Во рамки на посетата, претставниците од Естонскиот центар за меѓународен развој ќе остварат средби со повеќе институции, меѓународни донатори, претставници од приватниот и граѓанскиот сектор кои се активни чинители во областа. Целта на овие средби е мапирање на состојбите во врска со дигитализацијата на процесите и услугите, како појдовна точка за понатамошно спроведување на проектот, а в петок, 24 септември, ќе се одржи и прес-конференција за претставување на проектните цели и активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет2 часа

Гутереш: Нова студена војна доколку САД и Кина не ги подобрат односите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди на можноста од нова студена војна доколку Соединетите Американски Држави и Кина, според...

Свет3 часа

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Европа3 часа

Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар. Нема повредени или поголема...

Македонија18 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет18 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија19 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија22 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет2 дена

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Досие