Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Објавено пред

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници.

Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 20 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.

Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите,  Гази Баба и Кисела Вода. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Штип, Прилеп, Велес, Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром и Ѓорче Петров, но засега во овие скопски општини резултатите не се 100 посто обработени.

СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево.

Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево, Радовиш, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.

Во Центар Жупа победи Ариан Ибраим од ДПТМ, но изленоста е од дозволениот цензус.

За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.

(Обновено)

Македонија

Спасовски со полицискиот синдикат: Ги решаваме проблемите на полициските службеници

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на министерството, оствари работна средба со делегација на македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев.

На средбата, како што посочуваат од кабинетот на Спасовски, тој го информирал раководството на синдикатот за предлог буџетот на министерството за 2022 година и го потенцирал планираното зголемување на платите за 5% за вработените во министерството.

Го потенцирал и досегашното реновирање на 63 полициски објекти и планот следната година да се реновираат други полициски станици, како и почетокот на градба на ПС Аеродром, реконструкција на Центарот за обука во Идризово и реконструкција ан Одделот за граѓански работи.

При реконструкциите е посебно запазена и еколошката и штедлива компонента на користење на енергетски ефикасни материјали, така што веќе ниту еден објект на МВР од следната година нема да користи цврсти горива за затоплување, а генерирана е и заштеда само на електрична енергија од пет милиони денари.
Министерот Спасовски го информираше раководството на синдикатот за поделбата на новите униформи за повеќе оддели во МВР, како и за опремата (кондури, чизми, јакни и др.) која се очекува да стигне и да биде поделена до јануари 2022, објаснуваат надлежните.

Претседателот на македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев се заблагодари за соработката на министерството со синдикатот, посветеноста кон унапредување на работните, материјално техничките и оперативни услови за полициските службеници.

Министерот Спасовски и претседателот Кицев разговараа и за други теми важни за полициските службеници, како условите од колективниот договор и листата на плати, решавање на проблемот со дневниците на полициските службеници настанат од Законот за извршување на буџетот и се сложија за најбрзо можно решавање на овие тековни проблеми, е нагласено во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2, Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 6 починати лица од Скопје (63 г, 68 г, 70 г, 71 г, 72 г и 89 г), 3 починати лица од Струмица (71 г, 73 г и 87 г), по 2 починати лица од Пробиштип (60 г и 67 г) и Неготино (66 г и 90 г) и по едно починато лице од Битола (81 г), Демир Хисар (87 г), Кочани (78 г), Кратово (79 г) и Штип (65 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови .

Направени се 1.245 тестови преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-75, Биотек-88, Систина-33, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-182, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-21, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 666.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 94103, Активни 3851
Куманово 12855, Активни 252
Тетово 11310, Активни 150
Прилеп 10156, Активни 401
Битола 8609, Активни 635
Гостивар 8059, Активни 29
Велес 7276, Активни 331
Кавадарци 6928, Активни 300
Штип 6563, Активни 177
Охрид 6435, Активни 295
Струмица 6089, Активни 159
Кичево 4221, Активни 81
Кочани 3982, Активни 181
Струга 3900, Активни 65
Гевгелија 2781, Активни 129
Неготино 2553, Активни 60
Свети Николе 2112, Активни 81
Крива Паланка 1877, Активни 133
Ресен 1734, Активни 107
Радовиш 1711, Активни 61
Дебар 1455, Активни 1
Берово 1422, Активни 82
Делчево 1382, Активни 133
Виница 1151, Активни 42
Пробиштип 1110, Активни 24
Валандово 926, Активни 50
Кратово 760, Активни 45
Богданци 642, Активни 40
Демир Хисар 608, Активни 78
Крушево 582, Активни 29
Македонски Брод 490, Активни 10
Демир Капија 423, Активни 6
Македонска Каменица 412, Активни 67
Пехчево 347, Активни 9
Дојран 161, Активни 2

Прикажи повеќе...

Македонија

Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во општина Центар

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставници на иницијативата „На точак“, на која ги разгледа барањата кои се однесуваат на унапредувањето на условите за велосипедски сообраќај во рамки на општината.

Од средбата произлезе договорот при секоја нова градба да се поставуваат паркинзи за велосипеди, со цел нивна поголема употреба како превозно средство во општината, а напролет, општината ќе воведе и одредени денови како „Денови без автомобили“ и ќе бидат изработени стандарди и процедури за развој на велосипедска инфраструктура општината.

„Општина Центар посветено работи на развој на велосипедската мрежа во сите населби. Мојата заложба е поголема употреба на велосипедите поради тоа што носат бенефити на долг рок, како за општината, така и за личното здравје на граѓаните. Ние мора да ги менуваме навиките со тоа што почесто ќе го употребуваме велосипедот како превозно средство. Всушност, со почестото возење на велосипеди ќе го намалиме сообраќајниот метеж, кој е сериозен проблем, особено во Центар, и позитивно ќе влијаеме во зачувувањето на животната средина“, изјави Герасимовски на средбата.

Герасимовски смета дека сите локални самоуправи треба да имаат многу посериозен пристап при креирањето на проектите во општините. Токму затоа, Општина Центар силно инвестира во развој на велосипедска мрежа во сите населби.

Дел од барањата, кои до градоначалникот Герасимовски ги поднесе иницијативата „На точак“, веќе се имплементираат и истите се однесуваат на слободни тротоари и квалитетен јавен простор, затворање на дел од улиците за сообраќај, особено во Дебар Маало, каде што има премногу возила со што истите ќе се отворат за пешачење и возење велосипеди. Општина Центар и во следниот период со посилно темпо ќе продолжи да субвенционира велосипеди и велосипедска опрема и засилено ќе работи и на системот за изнајмување велосипеди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија2 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија2 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа4 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави...

Македонија5 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа6 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет7 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Досие