Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повика на голем протест на 18 јуни, блокадата во Собранието продолжува

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по завршувањето на Извршниот комитет на партијата најави голем протест на 18 јуни и повика на масовна излезност.
„Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, порача Муцунски.
Според опозициската партија, предвремените парламентарни избори се единствено решение поради штетните политики на власта. Во таа насока, Муцунски зборуваше за енергетската криза, инфлацијата и зголемените трошоци на компаниите. Додаде дека капиталните инвестиции се на ниско ниво, не е испорачан датум за ЕУ, а на проблемите во правосудниот систем, како што рече, укажуваат и меѓународните фактори.
Муцунски ги спомена и инцидентите како автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово, автобуската несреќа во Бугарија за кои посочи дека нема никаква одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија.
На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.
„Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски.
Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.
Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид.
Македонија
Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук-страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.
Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“.
„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот.
Македонија
Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик.
Oд Владата коментираат дека предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација, која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите фактори во државата вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.
Францускиот предлог може да се преземе на следните линкови: