Македонија
ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за поништување на Законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ги достави потписите и записниците од иницијативата за донесување закон за поништување на Законот за попис.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати укажавме дека имаме лош закон, штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија. Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со коишто требаше да се подобри текстот на законот. За жал, сите амандманибеа одбиени“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, додаде тој, укажавме дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес.
„Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите, односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија. Апелираме и укажуваме до власта да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на Законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија“, рече Сајкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомиците

Од денеска почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците.
Попишувашењето на дијаспората ќе трае до 21 април.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека целта на попишувањето на иселениците, покрај собирањето податоци е да ги потсети дека иако се иселиле тие се дел од земјата од која потекнуваат. Симовски најави дека процесот ќе се одвива преку интернет-апликација, достапна исклучиво од странство. Нејзиното користење, како што истакна Симовски е едноставно.
„Процесот на самопопишување ќе се спроведува преку веб-апликација која е многу едноставна и кориснички ориентирана, лесно достапна, што значи дека секој државјанин на Република Северна Македонија во странство ќе може лесно да ја пополни за многу кусо време, а единствениот услов е да се најави со својата е-маил адреса. Апликацијата е наменета исклучиво за самопопишување од странство, што значи пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен“, истакна директорот Симовски.
Според премиерот Зоран Заев, пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци за креирање ефикасни јавни политики во државата
„Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите. Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца“, рече Заев.
Од друга страна, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вчера истакна дека власта не е подготвена за да го спроведе пописот. Посочи дека во време на пандемија и без вакцини, власта на мускули турка попис и го загрозува здравјето на граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ отвори една граѓанска иницијатива за собирање на потписи и последната информација е дека се собрани 100 илјади потписи. Тие се потписи против нерегуларен попис. Сите сме за да има статистички попис, но не да биде истиот политичка операција во којашто владините функционери ќе се наддаваат со проценти“, рече Милошоски.
Националниот блок „Не отворам врата“ ги повика граѓаните да не ги пуштаат попишувачите дома, бидејќи сметаат дека пописот ќе биде фалсификуван и е веќе договорен меѓу Заев и Ахмети.
Од друга страна, вицепремиерот, Артан Груби, на Фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.
Македонија
Сончево време со температура до 16 степени

Времето претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, јави УХМР.
Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.
До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.
Македонија
Мицкоски бара одговорност за вакцините: „Нема да ве оставиме на мира“

Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи ѝ порача на власта дека нема да избега од одговорноста за тоа што не успеала четири месеци да нарача вакцини.
Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално…
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, February 28, 2021
„Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира“, напиша Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека е позитивен на коронавирус.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран