Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и незаконито работење на СЈО во рамките на оваа институција, изјави пратеникот Антонијо Милошоски.

„Оваа предлог-одлука ја поднесуваме до Собранието затоа што токму Собранието по предлог на Советот на јавните обвинители констатира дека специјалниот обвинител, госпоѓа Катица Јанева, работела нестручно, незаконски и несовесно и сакаме во име на граѓаните како даночни обврзници што одвоиле приближно 15 милиони евра за работењето на досегашно СЈО да ги утврдиме фактите на кој начин биле трошени средствата и на кој начин се постапувало по одредени други процедури внатре во самото СЈО.

Анкетната комисија би се состоела од претседател и 10 члена и како иницијатори сметаме дека имаме и капацитет и во согласност со собраниската пракса да номинираме претседател на оваа анкетна комисија, а сите други политички партии во согласност со нивното присуство во Собранието да делегираат членови во анкетната комисија. Анкетната комисија не би се занимавала со какви било обвинителски или судски предмети бидејќи не сака ниту може да биде обвинител ниту судија, но би го утврдувала начинот на материјалното и финансиското работење на обвинителството, почитување на постојните законски процедури и деловодници внатре во самото обвинителство. Законитост на постапките при вработување во самото обвинителство, утврдување можни конфликтни интереси или непотизам при вработување, како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари за она што го имаме како дојава за потпишување договори за чување деловна тајна, која сметаме дека по самиот опис на работа не би требало да ги исклучуваат обвинителите или вработените внатре во обвинителството бидејќи законот им налага во секој случај со самото засновање работен однос да чуваат деловна тајна, а сметаме дека имало голем дел такви договори и исплатени хонорари, кои, според нас, немаат законска основа.

Тоа што би сакал да го напоменам е дека во ваквата анкетна комисија како придружни членови или набљудувачи би биле поканети и претставници на шведската, американската и на холандската амбасада бидејќи овие три држави имаа значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО од даночните обврзници на нивните земји и сметаме дека би имале право да имаат увид во тоа како биле потрошени или како се располагало со средствата на нивните даночни обврзници во рамките на работата на СЈО. Очекуваме по однос на овој закон, уф, извинете, по однос на оваа предлог-одлука за анкетна комисија, најбргу што може да се изјаснат и другите политички партии, особено колегите од владејачкото мнозинство, кои заедно со сите други пратеници ја почитуваа одлуката на Советот на јавните обвинители за незаконско, нестручно и несовесно работење на специјалната обвинителка Катица Јанева, која беше најбитната фигура во оваа институција, и тоа е доволна основа да имаме мотив да го провериме работењето на СЈО во деловите што ги спомнав. Тоа би било приближно она што сакав да го изнесам денес и да ве информирам дека ќе ја поднесеме до Собранието оваа предлог-одлука“, истакна Милошоски.

Македонија

СЕММ повикува на внимателно и одговорно известување за коронавирусот

Објавено пред

Во врска со појавата на случај на коронавирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните.Освен тоа, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со коишто се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на панел во Прага: Ни треба повеќе од ветување на хартија

Објавено пред

Вчера на Карловиот Универзитет во Прага, министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше настап на панелот „Неисполнетото ветување на ЕУ за Западен Балкан – време за стратешка одлука во рамки на Хрватското претседателство со ЕУ” што беше дел од дебатата насловена „Заживување на агендата на проширувањето на ЕУ: 2020 – нова можност за Западен Балкан” во организација на Европскиот институт за политики – ЕУРОПЕУМ.

На аудиториумот составен од претставници на тинк тенк заедницата, академската заедница, невладини организации, дипоматскиот кор, Димитров им го претстави македонскиот случај во контекст на евроинтегративниот пат и предизвиците на истиот.

Запознавајќи ја публиката со историскиот и политичкиот контекст од независноста и реактуелизирањето на политиката на проширување, Димитров го потенцираше претстојниот период како есенцијален, каква што е и корелацијата на резултатите и временската рамка од пролетната агенда на ЕУ.

„Атрактивноста на ЕУ е во нејзиниот наратив, но за истиот да биде одржлив ни треба повеќе од ветување на хартија. Партнерствата се валоризираат низ призмата на ветувањата и очекувањата. А нашите очекувања од ЕУ се повеќе од оправдани“, рече Димитров.

Копанелестите, чешкиот заменик-МНР Алеш Хмелаж, директорот на институтот Владимир Бартовиц, Јана Јузова, експерт за Западен Балкан во Еуропеум и соговорниците од публиката во разговор со Министерот Димитров ја коментираа позитивната динамика на политиката на проширување од октомври минатата година, што им дава за право да очекуваат наскоро и позитивен исход за Северна Македонија.

Во рамки на првиот ден од работната посета на Прага, покрај билатералната средба со чешкиот МНР Петричек и учеството на панелот, Димитров имаше средби и со претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент Радек Вондрачек и со државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова на кои беше изразена силна поддршка за Северна Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, поздравени реформските постигнувања и добрососедските односи.

МНР Димитров ќе учествува на годишниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, којшто се организира во рамки на Чешкото претседавање со Вишеградската група.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Објавено пред

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати дрвја на  локации од невремето . Ветерот кој дуваше со 70 километри на час го откорна покривот и на средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска.

Булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда. Дрво падна и врз градинка во Чаир.

По синоќешното невреме екипите на Град Скопје до раните утински часови ги расчистуваа улиците.

„Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе“, напиша градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет42 минути

(Видео) САД: Добил отказ во пивара, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пивара на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа59 минути

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија1 час

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати дрвја на  локации од невремето...

Македонија11 час

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија16 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија17 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија20 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет21 час

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија21 час

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион21 час

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион23 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа23 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава23 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија1 ден

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија1 ден

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија1 ден

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт1 ден

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Досие