Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку јавен повик бара кандидати за членови на партиските комисии

Објавено пред

Извршниот комитет на  ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за објавување јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на член 31 став 1 алинеа 6 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа за следните комисии:

1. Комисија за правни работи, политички систем и антикорупција,
2. Комисија за финансии и монетарни прашања,
3. Комисија за економија, инвестиции и туризам,
4. Комисија за надворешни работи и евроатлантски интеграции,
5. Комисија за безбедност и одбрана,
6. Комисија за здравство,
7. Комисија за образованиеи наука,
8. Комисија за животна средина,
9. Комисија за енергетика,
10. Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, 
11. Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,
12. Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт,
13. Комисија за инф. општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги,
14. Комисија за администрација,
15. Комисија за локална самоуправа,
16. Комисија за култура,
17. Комисија за спорт,
18. Комисија за односи со невладини организации и
19. Комисија за стратегиско истражување и обсервација.

Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да достават биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за членство во една од Комисиите. Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 10.12.2018 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р. Христо Татарчев бр.1) во Скопје, Република Македонија или преку електронска пошта на [email protected]ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

По доставувањето на кандидатурата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на Комисија.

,,Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани. По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање”, соопшти партијата.

Македонија

Без струја делови на Чаир и Сопиште

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани следните технички зафати во електросистемот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Чаир и Сопиште.

Без струја од 8:10 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Серава, дел од ул. Џон Кенеди, ул. Кемал Сејфула и дел од ул. Кемал Ататурк (општина Чаир) и од 9 до 15 часот корисниците од селата Долно Соње, Говрлево, Чифлик и Света Петка (општина Сопиште).

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Продолжуваме да се бориме за свет без насилство и дискриминација за жените

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вечерва во Гази Баба учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината “Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Гази Баба.

“СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените”, рече Царовска.

Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што се уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.

“Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Се додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.

Владата предводена од СДСМ за оваа година издвоидвојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство.

Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија.

Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.

Царовска истакна дека истовремено се работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество.

“Дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот. Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

Објавено пред

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот премиер, Џастин Трудо, на својот твитер-профил.

„Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји“, додава Трудо на „Твитер“.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон имаше средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез, и со германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија13 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија14 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија16 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа17 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија17 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија18 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија19 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Македонија21 час

Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во...

Македонија21 час

(Видео) Уставен суд ќе почека од парламентот да го толкува Законот за помилување

На денешната седница уставните судии ја одложија точката за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде експретседателот...

Регион22 часа

(Видео) Во Драч со експлозија урната зграда оштетена од земјотресот

Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда што се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4...

Македонија22 часа

Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и ги кани на средба

„Со целосна почит за исклучителната важност на темите што ги загрижуваат сите граѓани во земјата, особено оние од најпогодените градови,...

Свет22 часа

ОН: Идната година ќе биде потребна хуманитарна помош за рекордни 168 милиони луѓе

Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот,...

Македонија22 часа

Заев присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора

Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи делегацијата на нашата земја на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон со кој се...

Свет23 часа

Почнува официјалната процедура за отповикување на Трамп

Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди...

Свет23 часа

Вандали осквернавиле 107 гробови во близината на Стразбур

Вкупно 107 гробови се осквернавени на еврејските гробишта кај Стразбур, во близина на француската граница со Германија, соопштија локалните власти,...

Македонија23 часа

Брисел: Нема промена на правилата за земјите коишто се во процес на преговори

Правилата за земјите коишто се во преговори не можат да се менуваат во средина на играта, но решенијата мора да...

Македонија23 часа

Британскиот министер за одбрана ѝ порача на Шекеринска: Добре дојдовте во НАТО

„Добре дојдовте во НАТО“, ѝ порача британскиот министер за одбрана, Бен Валас, на министерката Шекеринска на средбата во Лондон. Средбата...

Македонија1 ден

Македонец со пасошот на сопругата сакал да ја внесе љубовницата во САД

Македонски државјанин, кој мигрирал во САД, го искористил пасошот на својата сопруга за да ја внесе љубовницата, исто така Македонка,...

Досие